11 одлични филмови за вашите деца за кога сакате да одморите

Кога сакате малку да здивнете, најдоброто решение е да му пуштите некој филм на вашето дете, но никогаш не е лоша идеја и заедно да го изгледате.

11-odlichni-filmovi-za-vashite-deca-za-koga-sakate-da-odmorite-01.jpg

Но, голема е веројатноста досега да изгледалo сè што е популарно.

За среќа, постојат многу детски филмови, од кои голем дел не го добиваат потребното внимание, па сигурно не се нашле на вашата листа за гледање.

Ако сакате време за себе, но и вашето дете да изгледа нешто квалитетно, пуштете му некој од следниве детски филмови (зависно од возраста):

Christopher Robin

Ако сакате вашите деца да ја научат вредноста на вистинското пријателство, нема да погрешите со овој филм.

Филмот ја раскажува приказната на Кристофер Робин, но овојпат тој е веќе возрасна личност.

Робин има работа што не ја сака и е несреќен. Но, тогаш се поврзува со пријателот од детството – мечето Вини Пу и почнува да се присетува на прекрасните моменти од минатото.

https://www.youtube.com/watch?v=0URpDxIjZrQ

Secret Life of Pets 2

Првиот дел од приказната за животот на милениците беше вистински хит, но знаевте ли дека има и продолжение?

Во вториот дел, кучето Макс се соочува со многу поголем предизвик – Кејти сега е со сопруг и дете.

На почетокот, на Макс му е тешко да го добие саканото внимание од Кејти и за тоа го обвинува нејзиниот син. Но, наскоро се поврзува со детенцето како со никој друг.

A Wrinkle in Time

Ова е приказна за магичната авантура на едно девојче кое сака да го најде својот татко.

Со помош на нејзините сакани, таа треба да открие зошто и каде исчезнал татко ѝ, но и да пропатува низ времето за таа цел.

Во филмот се појавуваат ѕвезди како Опра Винфри, Рис Витерспун и Минди Калинг, па веројатно ќе ви се допадне и вам.

https://www.youtube.com/watch?v=UhZ56rcWwRQ

Benji

Ова е римејк на истоимената класика од 1974-та.

Филмот ја раскажува приказната за кучето скитник по име Бенџи. Бенџи се спријателува со две деца, но поради сплет на околности, децата се киднапирани. Сега останува на Бенџи да ги најде и да ги спаси.

The Little Prince

Направен според една од најдобро раскажаните приказни, The Little Prince е анимиран филм што е задолжителен и за децата, но и за родителите.

Филмот ќе им покаже на децата дека иако е важно да учат и да имаат план, не треба да заборават да ја ценат убавината околу нив и да ги користат можностите што им се пружаат.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...
Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
10 филмови што секоја интелигентна личност треба да ги изгледа The Machinist со Кристијан Бејл, Bridge of Spies со Том Хенкс или, пак, рускиот ...
10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...
10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
Прогнозите не се остварија: „Силјан“ не влезе во топ 15 филмови за оскаровската трка “Приказната за Силјан” не влезе во најдобрите 15 документарни филмови според гла...

Најчитани неделава