11 одлични филмови за вашите деца за кога сакате да одморите

Spookley: The Square Pumpkin

Овој филм ќе им покаже на вашите деца дека изгледот не е карактеристика што ги дефинира. Ќе им докаже дека тие се многу повеќе од етикети.

Спукли е тиква со квадратна форма и редовно трпи малтретирање од другите поради неговиот изглед. Но, неговите пријатели ќе му помогнат да се прифати онаков каков што е.

Tinker Bell and The Pirate Fairy

Ова е како еден вид продолжение на приказната за Петар Пан.

Една самовила станува лоша и одлучува да им се придружи на злобните пирати. Тогаш на сцена истапува Ѕвончица која мора да ја спаси нејзината пријателка, но и да се справи со нејзините проблеми.

Peter Rabbit

И ова е адаптација на постара приказна, a раскажува за еден зајак кој е вистински бунтовник.

Питер сака да го минува времето малтретирајќи еден фармер, но кога во неговата куќа ќе се всели еден роднина, нештата не одат по планот на Питер.

The Pursuit of Happyness

Овој филм не е наменет за деца, но дефинитивно е поучен.

Филмот е направен според вистинска приказна, а во главната улога го гледаме Вил Смит.

Овој филм ќе го преврти вашиот поглед кон светот, а на вашите деца ќе им помогне да сфатат дека мораат да работат за убавите нешта.

https://www.youtube.com/watch?v=89Kq8SDyvfg

The Adventures of Tintin

Кога ќе земете предвид дека овој анимиран филм е режиран од Стивен Спилберг, станува очигледно дека мора да се изгледа.

Филмот е направен според стриповите за Тинтин, кој заедно со Капетан Хадок се обидува да најде скриено богатствo.

Нивните авантури сигурно ќе го привлечат вниманието на вашето малечко.

https://www.youtube.com/watch?v=A6ul0sANSYk

Free Willy

Ова е приказна за необичното пријателство помеѓу едно момче и орка кит.

Момчето го тренира китот и двајцата стануваат неразделни. Но, луѓето кои го купиле китот имаат лоши планови, па момчето мора да му помогне на неговиот нов пријател.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...
Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
10 филмови што секоја интелигентна личност треба да ги изгледа The Machinist со Кристијан Бејл, Bridge of Spies со Том Хенкс или, пак, рускиот ...
10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...
10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
Прогнозите не се остварија: „Силјан“ не влезе во топ 15 филмови за оскаровската трка “Приказната за Силјан” не влезе во најдобрите 15 документарни филмови според гла...

Најчитани неделава