Најдобрите филмови од 1990-тите што треба (повторно) да ги изгледате

Бидејќи повеќето од нас седат дома деновиве, треба да се пронајде занимација за времето да ни помине времето. Доколку сакате филмови, сигурно знаете дека деведесеттите години беа богати во културна смисла.

Najfobrite filmovi od 1990 tite sto treba da gi gledate povtorno 01

Всушност, од 90-тите потекнуваат можеби најдобрите филмски класици. 

Ова се само некои од филмовите од овој период што треба да ги изгледате, ако веќе не сте го направиле тоа:

The Shawshank Redemption

Веројатно веќе наидовте на препораки за овој филм, бидејќи е навистина одличен. Го стекна својот култен статус по објавувањето на ДВД. За разлика од многу други адаптации на прозата на Стивен Кинг, оваа реализација е уште подобра од литературниот образец.

Pulp Fiction

Можеме вечно да разговараме за тоа кој е најдобриот филм на Квентин Тарантино, но овојпат ќе ви го препорачаме Pulp Fiction. Дури и ако не сте го гледале досега, сигурно ќе ги препознаете сцените од овој култен филм.

Fight Club

И овој филм станал култен класик по објавувањето на ДВД. Сигурно е дека никој не останал рамнодушен после филмот, ни оние што ја читале книгата, ни оние што првпат „влегле“ во приказната.

Leon

Првата улога е Натали Портман, во која веднаш се докажа како актерка, совршениот Жан Рено, француските вибрации на режисерот Лук Бесон и непогрешливиот Гери Олдман како негативец се доволни причини да го гледате овој филм.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg