Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Психолошки трилери кои ќе сакате да ги гледате дури и ако го знаете крајот

Навистина е тешко да најдете добар трилер, а откако ќе го најдете, сигурно не престанувате да мислите на него.

psiholoshki-trileri-shto-kje-sakate-da-gi-poglednete-duri-i-ako-im-go-znaete-krajot-01.jpg

Ако сте филмоман и сметате дека сте изгледале сè добро, можеби сепак не сте слушнале за овие американски и европски трилери:

Terminal (2008)

Келнерката Ани е убава само однадвор - таа е всушност опасна жена која води двоен живот. За некои гледачи, филмот можеби ќе биде клише, па дури и повторлив. Сепак, изведбата на актерите е неверојатна, а дејството има навистина интересен пресврт.

Marrowbone (2017)

Обидувајќи се да се скрие од лошиот сопруг, една жена и нејзините четири деца се преселуваат во друга држава, во мистериозна куќа.

По смртта на мајката, најстариот син ја преземеа грижата за семејството и нештата се одвиваат одлично, сè додека не се појави нивниот татко.

Ова е психолошки трилер, со малку хорор детали и со крај што ќе ги надмине вашите очекувања.

Ghost Stories (2017)

Иако филмот е ставен во категоријата хорор, повеќе ќе ве натера да размислувате отколку да се исплашите.

Професорот Гудман е скептик кој не верува во натприродното и успева да ги разоткрие сите кои тврдат дека се гатачи, медиуми... Но, еден ден сретнува тројца луѓе кои, наводно, се соочиле со некој натприроден феномен.

La cara oculta (2011)

Кога Адриан ќе го пречека порака од неговата сакана дека го напуштила, одлучува да оди во бар. Овде ја запознава келнерката Фабијана. Наскоро тие се вљубуваат и почнуваат да живеат заедно, но Фабијана чувствува дека во нивниот дом се случува нешто навистина страшно.

Get Out (2017)

Речиси и да нема некој кој слушнал за овој филм, бидејќи си заработи Оскар.

Млад Афроамериканец ги посетува родителите на неговата девојка, кои изгледаат како да кријат некоја мрачна тајна.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
Сите добитници на Оскари 2025: „Anora“ триумфираше со 5 статуетки, „The Brutalist“ со 3 Оскари „Anora“ е филм снимен за само шест милиони долари, што е мала сума за холивудски...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg