Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Психолошки трилери кои ќе сакате да ги гледате дури и ако го знаете крајот

Eliza Graves (2014)

Овој филм е направен според приказна на Едгар Алан По и има навистина необично дејство.

Младиот лекар Едвард оди во една ментална установа во Лондон. Набрзо го забележува необичното однесување на лекарите и вработените, а звуците што ги слуша од подрумот само го тераат да си поставува повеќе прашања.

El Orfanato (2007)

Лаура пораснала во сиропиталиште, а сега одлучува да се пресели таму и да го реновира. Но, нејзиниот син Симон целосно се менува откако ќе се вселат.

Овој тажен филм со интересен пресврт долго ќе ви остане во сеќавањата.

10 Cloverfield Lane (2016)

Кога Мишел се буди после сообраќајка, сфаќа дека е заврзана за радијаторот во нечиј подрум. Набрзо го запознава мажот кој ја заробил и кој тврди дека ја спасил од сигурна смрт, бидејќи планетата е речиси уништена.

Мишел, се разбира, не му верува, но наскоро почнува да се двоуми.

The Girl on the Train (2016)

Секој ден, Рејчел се вози со воз и ја поминува куќата на пар со навидум совршен живот. Но сè се менува кога таа ќе дознае дека девојката од куќата исчезнала. Одеднаш Рејчел се вплеткува во комплицираната приказна, бидејќи само таа забележала нешто од возот.

За многумина ова е сосема обичен трилер, но некои сметаат дека станува збор за генијално дело.

The Place (2017)

Во една кафетерија седи маж, а со него носи навистина дебела тетратка. Луѓето му приоѓаат, му кажуваат што сакаат, а тој им ги исполнува желбите.

Но, постои еден услов – луѓето мораат да исполнат задача, а колку е поголема желбата, толку се поопасни задачите.

Во овој филм нема убиства или визуелни ефекти, само одлична идеја, добро напишано сценарио и неверојатни дијалози.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
Сите добитници на Оскари 2025: „Anora“ триумфираше со 5 статуетки, „The Brutalist“ со 3 Оскари „Anora“ е филм снимен за само шест милиони долари, што е мала сума за холивудски...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg