Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Научно фантастични филмови кои треба да ги имате изгледано - ги има и на Netflix

2001: A Space Odyssey (1968)

Уште една класика што мора да ја изгледате ако сте фан на жанрот. Дејствието на филмот се одвива во 2001-ва година, кога неколку научници откриваат чуден монолит на месечината. Монолитот изгледа како да праќа сигнали кон Јупитер, па почнува да се подготвува мисија до планетата.

Во леталото Discovery One се наоѓа и компјутерот HAL9000, кој е решен да ја спаси мисијата, дури и по цена на животите на екипажот. Исто како кај Inception, крајот на филмот ќе го мислите многу долго.

Looper (2012)

Ако сакате филмови со патување низ времето, Looper е еден од најдобрите од овој тип. Приказната е сместена во блиска иднина, каде што мафијашите ги испраќаат нивните жртви во минатото. Овде, пак, тие се убивани од платени убијци.

Главниот лик е еден од платените убијци, но набрзо сфаќа дека ќе стане жртва на своите постапки.

Eternal Sunshine of the Spotless Mind (2004)

Овој филм е повеќе романса отколку научна фантастика, но дефинитивно вреди да го изгледате.

Во филмот, на луѓето им е достапна технологија со која им ги бришат сеќавањата за некоја личност, како поранешен партнер. Технологијата ја користат многумина и се чини дека е совршена.

Но, што кога ќе се сретнат двајца поранешни љубовници, чие сеќавање за врската било избришано?

Ready Player One (2018)

Дејствието на филмот се одвива во 2045-та година. Слично како и денес, луѓето се обидуваат да избегаат од реалноста со помош на виртуелниот универзум наречен OASIS.

По смртта на еден од креаторите, светот дознава дека во виртуелниот универзум има загатка, а оној кој ќе успее да ја реши ќе добие целосна контрола над OASIS.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
Сите добитници на Оскари 2025: „Anora“ триумфираше со 5 статуетки, „The Brutalist“ со 3 Оскари „Anora“ е филм снимен за само шест милиони долари, што е мала сума за холивудски...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg