Каде се и што прават актерите од „Jurassic Park“ 27 години подоцна?


Каде се и што прават актерите од „Jurassic Park“ 27 години подоцна?

Jurassic Park на Стивен Спилберг е дефинитивно еден од најпопуларните филмови. Поминаа веќе 27 години од неговата премиера, но за филмот се зборува и денес, а низ годините беа направени и неколку продолженија.

kade-se-i-shto-pravat-akterite-od-jurassic-park-27-godini-podocna01.jpg

Додека мислењето на фановите е поделено за другите делови од франшизата, кога станува збор за првиот, речиси и да нема лоши коментари.

Нo сте се запрашале ли каде се и што прават денес актерите кои се појавија во првиот филм?

Сем Нил: Доктор Алан Грант

Сем го играше палеонтологот Алан Грант кој ги анализираше диносаурусите во паркот. Денес актерот има своја винарија во Нов Зеланд, а на социјалните мрежи редовно споделува детали за неговиот бизнис.

kade-se-i-shto-pravat-akterite-od-jurassic-park-27-godini-podocna-02.jpg

Лора Дерн: Доктор Ели Сатлер

Лора ја играше доктор Ели, која беше научник и девојка на Алан. Актерката се појави во многу одлични филмови, како Blue Velvet, а има добиено Оскар, Еми и Златен глобус. Таа е и активист кој се залага за бегалците и женските права.

kade-se-i-shto-pravat-akterite-od-jurassic-park-27-godini-podocna-03.jpg

Џеф Голдблум: Доктор Иан Малколм

Доктор Иан Малколм беше научникот кој сметаше дека клонирањето на диносаурусите е непотребен ризик, а неговата улога му припадна на Џеф Голдблум. Актерот се појави во неколку добри серии, филмови од сите жанрови, а заплива и во музичките води – досега има издадено два џез албуми.

Џеф ќе ја репризира неговата улога на доктор Иан во новото продолжение од франшизата, чија премиера е закажана за 2022-ра година.

kade-se-i-shto-pravat-akterite-od-jurassic-park-27-godini-podocna-04.jpg

Аријана Ричардс: Лекс Марфи

Аријана ја имаше една од главните улоги – малата Лекс Марфи. После Jurassic Park, актерката заврши на академија за уметност во Калифорнија. Денес таа е сликар и имa добиено неколку награди за нејзините уметнички дела.

kade-se-i-shto-pravat-akterite-od-jurassic-park-27-godini-podocna-05.jpg

Џозеф Мазело: Тим Марфи

Џозеф го глумеше братот на Лекс, Тим Марфи. Денес Џозеф е актер, режисер и сценарист, а успеал да се запише на престижна академија за кинематографија благодарение на препорака од Стивен Спилберг. Актерот има изјавено дека тоа било подарок од режисерот за неговата матура.

kade-se-i-shto-pravat-akterite-od-jurassic-park-27-godini-podocna-06.jpg

Вејн Најт: Денис Недри

Вејн го играше програмерот кој беше задолжен за безбедноста на паркот. Оттогаш актерот го има позајмувано неговиот глас за неколку блокбастери, како Toy Story 2 и Kung Fu Panda 2, а се има појавено и во други холивудски филмови.

kade-se-i-shto-pravat-akterite-od-jurassic-park-27-godini-podocna-07.jpg

Семјуел Л. Џексон: Реј Арнолд

Во филмот, Семјуел го глумеше инженерот кој им беше од огромна помош на главните ликови. Семјуел е можеби најпознатиот актер од листава и може да се пофали со многу одлични филмски наслови. Моментално најпознат е по улогата на Ник Фјури во филмовите на Марвел, а неретко, во приватниот живот актерот се залага за разни добротворни цели.

kade-se-i-shto-pravat-akterite-od-jurassic-park-27-godini-podocna-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 години подоцна: Факти за Gossip Girl кои не сте ги знаеле досега Можеби не сте свесни, но поминаа 10 години откако бевме опседнати со серијата Go...
20 филмови кои направија најмногу пари во 2018-та Додека повеќето се жалат дека во последно време нема добри филмови и дека само с...
Марго Роби - уметничко лизгање: Актери кои изучија цела професија за потребите на филм Бредли Купер учел да готви од професионален готвач, Роберт Де Ниро работел како ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg