Во чест на 84-тиот роденден на Џек Николсон – 10 најдобри филмови на генијалниот актер кои мора да ги изгледате

Актерот неодамна го прослави 84-тиот роденден, а неговата импресивна кариера трае повеќе од 60 години. Џек Николсон има снимено над 70 филмови и е добитник на 3 оскари што го става во прилично престижно друштво. Имено, само 6 актери, меѓу кои и Николсон, имаат добиено по 3 Оскари, за најдобра главна и споредна улога.

10-najdobri-filmov-na-Dzek-Nikolson-01.jpg

Џек Николсон има два Oскари за најдобра машка улога во One Flew Over the Cuckoo’s Nest (1975) и As Good as It Gets (1997), како и Oскар за најдобра машка споредна улога во Terms of Endearment (1983).

Николсон во текот на кариерата има заработено 400 милиони долари благодарение на неговиот неверојатен актерски талент. Тој воедно е и најголемиот, славен обожавател на НБА тимот на Лос Анџелес Лејкерс кој секогаш можеше да се види седнат во првите редови веднаш за клупата на омилениот тим.

Во чест на неговиот 84-ти роденден, погледнете ги 10-те најдобри филмски остварувања на Џек Николсон:

One Flew Over The Cuckoo’s Nest

Со цел да ја избегне работата во затворот, МекМерфи којшто е затвореник се преправа дека е луд и го префрлаат во специјалното одделение за ментално нестабилни пациенти. Во овој оддел, тој мора да се соочи со суровата медицинска сестра, Речед.

The Shining

Џек Торанс и неговото семејство се преселуваат во изолиран хотел за време на зимската сезона, бидејќи тој прифаќа работа како чувар на објектот. Но, она што не го знаат е дека хотелот има мрачно и насилно минато. Живеејќи во изолација, Џек полека почнува да го губи разумот, што влијае и на членовите на неговото семејство.

Batman

Бетмен, маскираниот одмаздник на Готам, се бори против злото за да ги заштити своите граѓани. Тој мора да се соочи со Џек Напиер, кој се претвора во Џокерот и се заканува дека ќе го преземе Готам Сити.

A Few Good Men

Даниел Кафи, воен адвокат, застанува во одбрана на двајца американски маринци обвинети за убиство на колега во поморската база Гвантанамо во Куба. Но, дали зад убиството стои поинаков мотив и друг виновник?

As Good As It Gets

Самохрана мајка која работи како келнерка, автор кој е мизантроп и хомосексуалец кој е уметник оформуваат неверојатно пријателство откако уметникот е нападнат во грабеж.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...
Забавни и непријатни моменти од Оскари 2026 + најсмешните твитови за настанот Леонардо ди Каприо беше прогласен за „крал на мемињата“. Тимоти Шаламе беше мета...
10 филмови што секоја интелигентна личност треба да ги изгледа The Machinist со Кристијан Бејл, Bridge of Spies со Том Хенкс или, пак, рускиот ...
Гол маж на сцената, легендарната шлаканица: Најконтроверзните моменти на Оскарите низ историјата Во 1973-та, Марлон Брандо одби да си ја земе статуетката, следната година гол ма...
10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
10 култни празнични филмови (кои вреди да ги изгледате 100-ти пат) Нормално, прв на листата е Home Alone, но овде се и Elf, A Christmas Story, па и...

Најчитани неделава