10 нови филмови кои ги очекувавме со нетрпение оваа пролет/лето сезона

Конечно, тука е филмот за младата Круела, познатиот негативец од филмот „101 далматинец“. Но, Ема Стоун ја оживува Круела во младите години од нејзиниот живот.

10-novi-filmovi-koi-gi-ocekuvavme-so-netrpenie-ovaa-prolet-01.jpg

Сагата Fast & Furious продолжува со неверојатниот деветти дел. И покрај ниските оценки, публиката го обожава серијалот на Вин Дизел.

Кои други филмски наслови ги очекувавме со нетрпение оваа пролет/лето сезона?

Cruella

Естела е млада и паметна млада жена која е решена да се прослави во модниот свет. Наскоро запознава пар крадци кои ја препознаваат нејзината амбициозност и заедно градат живот на улиците на Лондон. Но, кога Естела ќе се спријатели со модната легенда, бароницата фон Хелман, таа ја прифаќа својата злобна страна и станува дрската и одмаздољубива Круела.

Riders of Justice

Маркус се враќа дома за да се грижи за својата ќерка откако неговата сопруга ќе почине во трагична железничка несреќа. Меѓутоа, кога еден преживеан од урнатините почнува да тврди дека постои заговор, Маркус се сомнева дека неговата сопруга била убиена и тргнува во мисија да ги најде одговорните.

Chernobyl: Abyss (Чернобыль)

Приказна за херојски пожарникар кој работел како еден од ликвидаторите во Чернобил.

https://www.youtube.com/watch?v=t6rBWIaOL7g

Those Who Wish Me Dead

Еден тинејџер е сведок на убиство. Го прогонуваат близнаци-атентатори во пустината Монтана. Една жена е задолжена да го заштити момчето. А шумскиот пожар се заканува да ги уништи сите.

Edge of the World

Филмот се базира на вистинската приказна за Раџа од Саравак, Џејмс Брук, кој бил инспирацијата за приказната на Радјард Киплинг „Човекот што ќе стана крал“ и романот на Џозеф Конрад, „Лорд Џим“.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...
10 нови серии од 2026-та кои ја освоија публиката Комедија, драма, трилер, па и хорор – иако сме само во вториот месец од новата г...
10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
10 (морничави) филмови за мистериозни тајни друштва и култови Некои веруваат дека последниот филм на Стенли Кјубрик, Eyes Wide Shut, е снимен ...
10 филмови кои ќе ве натераат да излезете од вашата комфорна зона Captain Fantastic кој ќе ве натера да размислувате за модерниот начин на живот и...
Зошто новиот филм за Мајкл Џексон е остро критикуван (иако руши рекорди)? Ќерката на Мајкл Џексон изјави дека во филмот има многу лаги и невистини и затоа...

Најчитани неделава