5 филмови за Мерилин Монро што треба да ги изгледате

My Week with Marilyn е еден од највисоко оценетите биографски филмови за холивудската ѕвезда – кои други филмови за Мерилин Монро вреди да ги изгледате?

5-filmovi-za-merilin-monro-shto-treba-da-gi-poglednete-01.jpg

Мерилин Монро и 60 години по нејзината смрт, останува икона во поп-културата поради нејзината кратка, но влијателна холивудска кариера.

Актерката има над 20 филмски остварувања, а многу од филмови за неа и денес може да се гледаат на различни дигитални платформи.

Во продолжение пет филмови за животот на актерката на кои вреди да им дадете шанса:

Love, Marilyn

Две кутии со писма на Мерилин Монро, вклучувајќи дневници и песни, беа откриени педесет години по нејзината смрт во домот на нејзиниот актерски тренер Ли Стразберг.

Долгите писма и рачно напишаните белешки ја откриваат нејзината повеќедимензионална личност.

Комбинирајќи архивски снимки, како и голем број интервјуа со значајни актери како Глен Клоуз и Вајола Дејвис, документарецот открива многу за незаборавната русокоса.

Marilyn Monroe: Auction of a Lifetime

Документарецот ја прикажува аукцијата на личниот имот на Мерилин одржана по нејзината смрт.

Фановите на Монро можат да видат некои од нејзините најпопуларни фустани, вклучувајќи го и оној што го носеше на роденденот на претседателот Џон Кенеди.

https://www.youtube.com/watch?v=EJ13OyrAJ8o

Norma Jean & Marilyn

Овој филм го следи животот на Мерилин од нејзините рани денови кога беше позната како Норма Џин, до нејзиниот успех во Холивуд. Телевизискиот биографски филм им дава на фановите поглед во нејзиниот ум и личните борби.

Во неконвенционален обид да се прикажат строго контрастните аспекти од животот на Монро, актерките Ешли Џад и Мира Сорвино ја играат Норма Џин и нејзиното алтер его - Монро.

Двете актерки добија номинации за Златен глобус и Еми за нивните улоги.

https://www.youtube.com/watch?v=qHrAxXqLdxk

Marilyn Monroe Declassified

Вклучувајќи снимки од вести, клучни архивски интервјуа и историски сведоштва, документарниот филм се обидува да им донесе на фановите дел од скриената историја.

Од особен интерес се декласифицираните документи на ЦИА и ФБИ поврзани со нејзината прерана смрт, кои со децении беа во фокусот на многу дебати, како и теории на заговор. 

My Week with Marilyn

Иако не е документарен филм, ова е највисоко оценетиот биографски филм за холивудската ѕвезда.

На снимањето во Лондон, Мерилин е придружувана од Кларк откако нејзиниот сопруг и Артур Милер се вратија во САД.

За нејзината беспрекорна изведба, Мишел Вилијамс доби номинација за најдобра актерка на Оскарите.

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 филмови кои траат (речиси) 3 часа, а вреди да ги изгледате Troy, The Batman, Dances with Wolves – ова се филмови кои траат речиси три часа,...
10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...
Смртни закани, актери даваат отказ: Зошто серијата Harry Potter се соочува со толку многу контроверз... Актерот што го глуми Снејп добива смртни закани бидејќи е црн, додека ликот во к...
10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
10-те најпопуларни (и најдобри) филмови од 2025-та, според IMDb Хорор-филмови, акциона комедија со Леонардо ди Каприо, но и одличната адаптација...

Најчитани неделава