Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Три психолошки книги кои ќе ве мотивираат и натераат да се замислите

Тројца различни автори и три книги - сите различни на свој начин, а сепак единствени во тоа дека ќе ве натераат да погледнете кон себе и да размислувате за некои битни прашања.

tri-psiholoshki-knigi-koi-kje-ve-motiviraat-i-nateraat-da-se-zamislite-01.jpg

Психолошките и мотивирачки книги или ги сакате, или не.

Но, факт е дека оние што ги читаат, тврдат дека повеќето од нив им влијаеле позитивно.

Па доколку ви треба позитивна промена, или нешто да ве мотивира, прочитајте ги овие книги (ако до сега не ви “паднале во рака).

„Живеење со цел мозок“, д-р Џил Болти Тејлор

Цел живот нè уверувале дека десната хемисфера на мозокот е поврзана со нашата емотивна страна, додека десната е фокусирана на рационалното размислување.

Но, денешната невронаука покажува дека работите не се толку едноставни, а дека дури и емоционалната страна е поделена на два дела.

Ова е втора книга на д-р Џил Болти Тејлор, во која ни покажува како да го користиме својот мозок најдобро што можеме и како да научиме во секој момент самите да одбираме како ќе се чувствуваме и како ќе се однесуваме.

tri-psiholoshki-knigi-koi-kje-ve-motiviraat-i-nateraat-da-se-zamislite-03.jpg

„Да се сака тоа што е“, Бајрон Кејти

Авторката Бајрон Кејти поставува четири навидум обични прашања, но вели дека секое од нив ќе ви го смени животот, ако го поставите кога се соочувате со одреден проблем.

Инспирацијата за книгата е од нејзиниот личен живот, кога паднала во депресија и скоро 10 години живеела со бес, очај, дури и размислувала за самоубиство.

Но, едно утро се разбудила со чувство на среќа и сфатила дека нејзиното страдање завршило.

Токму затоа ја напишала оваа книга, за со читателите да ги сподели своите мисли и работите кои ја извлекле од темнината.

tri-psiholoshki-knigi-koi-kje-ve-motiviraat-i-nateraat-da-se-zamislite-02.jpg

„Природата на свеста“, Руперт Спајра

Книгата „Природата на свеста“ претставува голем придонес кон нашето разбирање за тоа кои сме ние.

Руперт Спајра го води читателот на едно чудесно истражувачко патување, кое го разоткрива она што учителите од Кашмир го нарекувале ‘најголемата тајна, поскриена од најскриените, а сепак поочигледна од најочигледните нешта’, а тоа е - самата свест.

Свеста го создава светот во себеси и потоа, заборавајќи ја својата вистинска природа, влегува во сопствената фантазија, во форма на едно одделно бегство, од чија перспектива може да го спознае тој свет.

tri-psiholoshki-knigi-koi-kje-ve-motiviraat-i-nateraat-da-se-zamislite-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 книги без кои не треба да си заминете од Саемот на книга 2025 За сите вљубеници во пишаниот збор, остануваат уште неколку дена до затворањето ...
Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
Три (контроверзни) книги за префинети читатели Три книги од три светски признати авторки, кои се преведени на голем број јазици...
3 книги за финансиски успех, кои мора да ги прочитате ако сакате да се збогатите Интервјуа со успешни и богати деловни луѓе, лична приказна за збогатување, совет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg