Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете)

Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот зборува, а лесниот стил и одличниот хумор ги направија неговите книги меѓу најчитаните последниве години кај нас.

tri-knigi-od-zoran-spasov-dzof-so-koi-kje-se-smeete-do-solzi-01.jpg

Романот „И јас сум Сирма” на авторот Зоран Спасов Sоф е најпродаваната книга за 2024 година според издавачката куќа „Арс Ламина” и нивните книжарници „Литература.мк”.

Овој контроверзен роман, кој спаѓа во жанрот историска фикција за само еден месец од издавањето стана бестселер за 2024 година.

Па, доколку досега не сте го прочитале овој роман или некоја друга книга од Ѕоф (напишани на скопски „јазик“), ви нудиме три различни четива:

„И јас сум Сирма“

Оваа книга со поднаслов: „Лектира, историска читанка и Оче наш на секој Македонец” е приказна за хероината Сирма Војвода, која патува низ времето и е сведок на многу настани од нашата историја.

Таа, низ страниците на книгата, раскажува приказни што ги „собирала“ во текот на 16 века и иако вели дека сè што ќе прочитате е вистина, некои делови се пренесени со прекумерна доза на патриотизам (особено кон соседите).

Горда, искрена, чесна, мила и полна со емпатија, во Сирма ќе ја препознаете својата мајка, баба, секоја силна жена.

Самиот авторот вели дека ова е „роман што ќе ве натера да плачете и да се смеете на глас, книга што предизвикува болка, љубов и радост“.

tri-knigi-od-zoran-spasov-dzof-so-koi-kje-se-smeete-do-solzi-03.jpg

„Торонто експрес“

Кога ќе почнете да ја читате книгата посветена на животот на еден обичен Македонец во Канада, нема да знаете дали да го сожалувате или да се смеете на неговата судбина.

Преку откачени, а сепак искрени реплики, Ѕоф го доловува секојдневието на Македонците во „ветената земја“.

Инспириран од времето кога и самиот живеел во Канада, авторот сака на читателот да му ја пренесе земјата „преку македонски очи, но и да се доживее со космополитска душа, а низ малите есејчиња да се доловат измешаните чувства на љубов, среќа, тага, радост, носталгија по родната грутка...“

tri-knigi-od-zoran-spasov-dzof-so-koi-kje-se-smeete-do-solzi-04.jpg

„Џабе живиш у Скопје“

Ова е збирка од актуелни, изумрени и подзабораени поими, фрази, изрази, афоризми, синоними, фазони, акроними и многу други зборови кои скопјани ги користат децении наназад.

Идејата на авторот е да ја долови шегобијноста на скопјаните, бидејќи е убеден дека Македонците (заедно со Србите) имаат „најбољи хумор у свет“, како што вели самиот.

Ни оваа книга не е напишана на литературен јазик, туку на скопски дијалект, онака како што најчесто и зборува самиот автор во реалниот живот.

Па додека ги читате страниците посветени на скопската (не)култура, историја, менталитет, хумор и јазик, нема да останете рамнодушни - а смеењето до солзи е загарантирано.

tri-knigi-od-zoran-spasov-dzof-so-koi-kje-se-smeete-do-solzi-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
3 одлични книги по кои се снимени хит-серии и мора да ги прочитате Прочитајте ги овие одлични дела и дознајте колку филмската адаптација се разлику...
Маријана од Скопје: „На 10 години со заштедени 150 денари си ја купив првата книга“ „Мојата домашна библиотека има околу 700, а библиотеката на моите две мали ќерки...

Најчитани неделава