3 книги за финансиски успех, кои мора да ги прочитате ако сакате да се збогатите

Интервјуа со успешни и богати деловни луѓе, лична приказна за збогатување, совети како да тргнете нагоре во деловниот и финансискиот свет... Овие три книги се задолжително четиво ако сакате да се збогатите.

3-knigi-za-finansiski-uspeh-koi-mora-da-gi-prochitate-ako-sakate-da-se-zbogatite-01.jpg

Кога ќе слушнете или прочитате зборови како „задолжително“ или „мора“, голема е веројатноста кај вас да предизвикаат спротивен ефект и да ви создадат одбивност кон нешто.

Дури и да е така, бидете со отворен ум и прочитајте ги овие три книги, кои спаѓаат во категоријата „задолжително четиво што треба да се прочита во животот“, ако имате желба и цел да се збогатите.

Во продолжение, ова се трите инспиративни книги, но и причините зошто мора да ги прочитате:

„Мисли и збогати се“ - Наполеон Хил

Оваа класична книга се базира на интервјуа со некои од најуспешните луѓе во светот.

Тие ги откриваат своите деловни принципи кои им помогнале да постигнат глобален и финансиски успех.

Книгата ја нагласува моќта која ја имаат желбата, упорноста и менталната дисциплина кои се од непроценливо значење за сите што сакаат да го остварат својот полн потенцијал.

3-knigi-za-finansiski-uspeh-koi-mora-da-gi-prochitate-ako-sakate-da-se-zbogatite-04_copy_copy.jpg

„Почни со зошто“ - Сајмон Синек

Синек преку книгата ја прикажува моќта што ја добива поединецот кога ќе си постави голема деловна/животна цел пред себе.

Во оној момент кога секој ќе го најдете одговорот на своето лично прашање „Зошто“, ќе можете да се трансформира во лидер, да се мотивирате да одите посилно напред и да доживеете внатрешна исполнетост.

Книгата ги поттикнува читателите да се фокусираат на подлабоките причини кои ќе ги поттикнат да преземат акција, да ја разгорат страста и да ја зголемат својата посветеност и во животот и во работата.

3-knigi-za-finansiski-uspeh-koi-mora-da-gi-prochitate-ako-sakate-da-se-zbogatite-03.jpg

„Богат татко - сиромашен татко“ - Роберт Киосаки

Преку примери од својот личен живот, Киосаки открива кои се најважните лекции за стекнување богатство и финансиска независност.

Самата книга става акцент на неколку теми како што се: финансиска писменост, промените во начинот на размислување потребни за градење богатство и како да се изградат темели за напредок во деловниот свет.

Токму затоа „Богат татко- сиромашен татко“ е книга од суштинско значење за секој што има за цел да ги подобри личните финансии.

3-knigi-za-finansiski-uspeh-koi-mora-da-gi-prochitate-ako-sakate-da-se-zbogatite-02_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Три книги полни со топлина, во кои ќе уживаат и децата и возрасните Ако решите на своите најмили да им ги читате на глас овие книги, тие ќе ве поврз...
Маријана од Скопје: „На 10 години со заштедени 150 денари си ја купив првата книга“ „Мојата домашна библиотека има околу 700, а библиотеката на моите две мали ќерки...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...

Најчитани неделава