Топ 5 книги за есенските, дождливи денови

Нема подобар начин да ги пребродиме тмурните есенски денови од комбинацијата на топлото ќебе и добра книга.

top-5-knigi-za-esenskite-dozdlivi-denovi-001.jpg

Кога ќе посакате да се изолирате и да нурнете во некоја сосема поинаква приказна, ви ги предлагаме овие 5 наслови:

1. И ова ќе помине - Милена Бускетс

Книгата за која се очекува дека ќе ги надмине сите останати во 2015-та година, а раскажува приказна водена токму по мотото како насловот - болката и тагата поминуваат, исто како и радоста и среќата.

Книгата обработува животна приказна на една жена Бјанка која е скршена по смртта на својата мајка, па постојано води умствени разговори со неа.

top-5-knigi-za-esenskite-dozdlivi-denovi-1.jpg


2. Ако не постои утре - Гијом Мисо

Ема и Метју, главните ликови, водат целосно различни животи сè до денот кога мислат дека конечно ја пронашле среќата, заедно. Договараат средба во еден мал ресторан во Менхетен, ги отвораат вратите и тргнуваат кон масата. Но, нивните животни патишта никогаш нема да се спојат.

top-5-knigi-za-esenskite-dozdlivi-denovi-2.jpg


3. Крвава уметност - Срѓан Ивановиќ

Крими роман кој изобилува со борба за вистината, но и за животите на главните ликови. Се започнува кога еден новинар решава да истражи чудно и морбидно убиство. Тој не е ни свесен каква мистерија почнал да открива, а затоа што дејството е повеќе од возбудливо, не се чудете што нема да сакате да се одвоите од книгата.

top-5-knigi-za-esenskite-dozdlivi-denovi-03.jpg


4. Сети се, да ме заборавиш - Мариа Јова

Љубовната приказна на Линда веројатно никогаш нема да ја заборавите, затоа што е поразлична од сите кои ги имате прочитано и истовремено најслична со онаа која вие сте ја проживеале. Се работи за она што сите нè боли до с’ржта, а мораме да го премолчиме. Жанрот е некоја драматична мешавина од трилер, роман и драма која нема да сакате да ја испуштите.

top-5-knigi-za-esenskite-dozdlivi-denovi-04.jpg


5. Греј - Е. Л. Џејмс

Приказната која завладеа со светот, но овој пат низ очите и емоциите на Кристијан. Тој е млад човек кој поради тешка траума од детството едноставно не знае што со себе кога ќе доживее љубов. Ако сте за нешто што ќе ви ги вжешти мислите, не се двоумете.

top-5-knigi-za-esenskite-dozdlivi-denovi-05.jpg

Доколку и вие имате други интересни предлози и наслови, слободно дополнете ја листата...

Би можело да ве интересира:

Шест љубовни романи, идеални за сите непоправливи романтичари Во некои ликови ќе се заљубите веднаш, други ќе ви бидат помалку симпатични, но ...
Дијана од Кавадарци има библиотека од 1.200 книги, месечно дава 4.000 денари за нови - Кои ѝ се омил... „На почетокот не купував книги, бев редовен посетител на градската библиотека и ...
Нашата писателка Сандра Малетски има 300 книги: „Првите романси ги наоѓав во библиотеката на мајка м... „Ги имам прочитано моите романи и по издавањето. Многу е интересно чувството ког...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Нина Ангеловска ја објавува својата прва книга „Ништо случајно" Скопје, 18 мај 2026 - Нина Ангеловска Станков ја објавува својата прва книга „Ни...
Втората книга на Маја Симоновска, „Опасноста што ја љубам“, пуштена во продажба По големиот успех на нејзиниот дебитантски роман „Сенката што ме чува“ авторката...

Најчитани неделава