Втората книга на Маја Симоновска, „Опасноста што ја љубам“, пуштена во продажба
По големиот успех на нејзиниот дебитантски роман „Сенката што ме чува“ авторката Маја Симоновска се враќа со уште посмела и посилна приказна “Опасноста што ја љубам“ што ќе ве држи во неизвесност и ќе ви ја украде ноќта.

Маја повторно не носи во свет каде љубовта и опасноста се испреплетуваат, овој пат во срцето на Италија, и низ улиците на Њујорк.
Приказна за жена што не се плаши да го следи срцето дури и кога тоа води право во оган. За маж кој е и спас и искушение.
И за љубов што не се мери со разум, туку со храброст. Напишана со својата претпознатлива динамична приказна, живописни дијалози и ликови што дишат, сакаат и грешат како вистински луѓе.

“Опасноста што ја љубам“ затоа што понекогаш токму ризикот е она што не прави живи. И затоа што понекогаш најопасното нешто што можеш да го направиш... е да сакаш.
Роман за страст, храброст и опасноста што понекогаш е единствениот пат до вистинската среќа.
Книгата е во издание на издавачката куќа „Читај Книга“ и истата е веќе достапна за претпродажба на веб страницата на издавачката куќа 𝐜𝐢𝐭𝐚𝐣𝐤𝐧𝐢𝐠𝐚.𝐦𝐤.
