Најпродаваната книга кај нас, книгата која го освои и светскиот пазар - „Будење на свеста“, го доби своето шесто издание

Книгата „Будење на свеста“ од Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ, го доби своето шесто издание.

najprodavanata-kniga-kaj-nas-knigata-koja-go-osvoi-i-svetskiot-pazar-budenje-na-svesta-go-dobi-svoeto-shesto-izdanie-01.jpg

Будење на свеста е вистинска авантура испреплетена со универзални знаења кои ќе ви овозможат да се спознаете себеси вистински, да се разбудите и свесно да креирате. Секој збор, секоја мисла во оваа книга е како нуркање во најдлабоките, најмагичните и најисцелувачките ритуали на постоењето.

Од моментот на првото издание, книгата која претставува водич за лична и колективна преобразба разбуди голем интерес кај македонската читателска публика. За многу краток период, книгата беше преведена и издадена и на англиски јазик. „Будење на свеста“, или „Awakening Consciousness“ несомнено ги освои срцата на голем број читатели, а огромниот број на позитивни рецензии се доказ за позитивната промена која ја направи книгата во размислувањето и животот на читателите.

Според интернет статистиките, „Будење на свеста“ е една од најчитаните книги за време на пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Книгата може да се купи во продажните места на издавачкиот центар ТРИ. Англиската верзија на книгата може да се купи преку меѓународната веб страница www.awakeningconsciousness.com, исто така на myWorld.com, на Amazon и буквално на сите светски платформи за книги.

Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Катерина (19) од Прилеп дома има 150 книги: „Сестра ми од дете ме носеше во библиотеки, така се вљуб... „Прва книга која ја прочитав, а не е лектира, е „Централ парк“ од Гијом Мисо, на...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
Три лесни книги кои ќе ви го задржат вниманието и во најголемите жештини За некои летото е идеално време за читање, на други им е многу тешко да фатат кн...

Најчитани неделава