Александра Јанева ранета: „Ни букет од рози не те пере сега“

Александра Јанева има нов музички проект. Вчеравечер на јавноста и ја претстави својата нова песна која го носи насловот „Дождови“, нумера која денови наназад ја најавуваше на своите социјални мрежи. Песна со моќен текст кој ја воодушеви публиката на прво слушање. 

aleksandra-janeva-raneta-ni-buket-od-rozi-ne-te-pere-sega-08.jpeg

„Голем предизвик е да траеш на македонската музичка сцена толку години и да се трудиш да ги следиш сите актуелности, а сепак да останеш доследен на квалитетот кој за мене лично е многу важен. За овој проект вклучивме и нови, млади луѓе кои ни дадоа свежа енергија. Голема благодарност и до „Dance Team Fusion“. Горда сум на целиот тим кој работеше на овој проект и се радувам на сите следни песни кои наскоро ќе излезат, а на кои веќе напорно се работи“. - вели Александра. 

aleksandra-janeva-raneta-ni-buket-od-rozi-ne-te-pere-sega-06.jpeg

aleksandra-janeva-raneta-ni-buket-od-rozi-ne-te-pere-sega-25.jpeg

Авторскиот тим кој се потпишува за ова ремек дело се: музика и текст - Лазар Цветкоски и Александра Јанева, аранжман и продуцент - Лазар Цветкоски, а видеото, пак, кое е приказна за себе и приказна полна со многу драги луѓе на Александра е работено со Горан Симјановски.

aleksandra-janeva-raneta-ni-buket-od-rozi-ne-te-pere-sega-18.jpeg

Кариерата на Александра Јанева во последните неколку години доживеа вртоглав успех, но пејачката не застанува тука. Напротив, веќе одреден период работи на нова музика и песни кои наскоро ќе го здогледаат светлото на денот, а дотогаш, уживајте во „Дождови“. 

Би можело да ве интересира:

Нокаут и Брејк со илјада дилеми за „кризата на средните години“ што го мачат сиот машки свет во „Ден... Во пресрет на нивниот голем славенички солистички концерт во арената Јане Сандан...
Визуелна магија и женска енергија: Александра Јанева го промовираше најновиот видео-запис за „Сестро... По серијата успешни музички проекти, Александра Јанева го претстави видеотo за с...
Брејк има нова балада - Провокативен спот и песна што ќе стане евергрин (видео) Во видеото, кое изобилува со провокативни сцени, а кое визуелно одлично ја следи...
Александра Јанева го оживеа легендарниот евергрин „Ми подаваш рака“ Инспирирана од минатото и неповторливата носталгична нота која ја носат македонс...

Најчитани неделава