Брејк има нова балада - Провокативен спот и песна што ќе стане евергрин (видео)
Во видеото, кое изобилува со провокативни сцени, а кое визуелно одлично ја следи љубовната приказна на песната, освен Брејк, се појавува Александра Попова.

Дарко Гелев Брејк сними нова песна, откако во декември 2024 ја испеа „Оваа песна не знаев да ја напишам“.

Станува збор за баладата „Една во милион“, за која публиката по првото слушање рече дека ќе стане уште евергрин кој го испеал Брејк.

Музиката е на Никола Перевски - Пере од „Нокаут“, аранжманот го направи Дарко Димитров, а маестралниот текст е на Игор Џамбазов.

Во видеото, кое изобилува со провокативни сцени, а кое визуелно одлично ја следи приказната на песната, освен Брејк, се појавува Александра Попова.

Погледнете го спотот за „Една во милион“:
А. Ј. | Црнобело