Александра Јанева го оживеа легендарниот евергрин „Ми подаваш рака“

Инспирирана од минатото и неповторливата носталгична нота која ја носат македонските евергрини, Јанева ја изненади публиката со нејзината официјална преработка на безвременската ,,Ми подаваш рака” од Даниела Панчетовиќ.

aleksandra-janeva-go-ozhivea-legendarniot-evergrin-mi-podavash-raka-01.jpg

Оваа култна македонска балада беше изведена во 1978 година од Данијела Панчетовиќ, на фестивалот Скопје. Автор на музиката е Мане Колев, текстот е на Ѓоко Георгиев, а аранжманот е на Кире Костов.

Новиот реаранжман на песната го изработи Лазар Цветкоски и заедно со Јанева дадоа свеж, модерен звук и позитивен дух кој многу прецизно ја отсликува и доловува пораката на самата песна - поддршката и потпората од најблиските е она што не води низ животот, љубовта е најсилна и најзначајна кога се дели.

aleksandra-janeva-go-ozhivea-legendarniot-evergrin-mi-podavash-raka-04.jpg

Во преработката Александра го има искористено оригиналниот семпл од оригиналното аудио којшто тече низ целата песна, а особено може да се слушне на крајот од преработката, сакајќи да ја задржи автентичноста на самата песна.

Видеото го изработи Даниел Јовески, отсликувајќи ги најубавите агли од нашиот преубав Охрид. Во видеото се присутни повеќе пријатели на Јанева, атмосферата е ведра и позитивна и зрачи со топлина.

aleksandra-janeva-go-ozhivea-legendarniot-evergrin-mi-podavash-raka-03.jpg

Овој проект Јанева го најавуваше веќе некое време, а покрај тоа низ неколку наврати на своите социјални мрежи најави нова музика за претстојниот период.

Погледнете го видеото:

Би можело да ве интересира:

Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Антониа Гиговска призна дека е „Специјалиста” за кршење на машки срца: Слушнете ја нејзината нова пе... Обично кога е лето и време за одмори, на нашата музичка сцена многу ретко или ре...
Младите Дорис Ди и Наум Бумбаровски со награда на „Охрид фест“ Годинава на Охрид фест со дуетската песна Ден и ноќ заедно, Дорис Ди и Наум...
Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...

Најчитани неделава