Елвир Мекиќ сними дует со Пајак, по повеќе од 10 години пауза - слушнете ја „Негде после два“

На големо задоволство на сите љубители на македонската поп сцена, периодот сведоци сме на еден голем бран на хитови кои котираат високо на трендинг листите и имаме чувство како полека да се враќа се она што и недостасуваше на македонската сцена.

elvir-mekikj-snimi-duet-so-pajak-po-povekje-od-10-godini-pauza-slushnete-ja-negde-posle-dva-001.jpg

По нешто повеќе од 10 години пауза, на сцената се враќа и Елвир Мекиќ - популарниот хитмејкер од 2000-ти години и тоа со заедничка соработка со младиот и популарен пејач и автор Пајак. Судејќи според реакциите од тизер-рефренот на нивната нова песна со наслов „Негде после два“, несомнено ќе имаме уште еден хит.

Елвир беше еден од најпопуларните пејачи кај нас и потсетува на едно убаво време пред 17 години, времето на најголемата експанзија на македонската поп- музика. И новата песна која е со модерен звук го има стариот вајб со примеси на ретро РНБ 2000-ти.

elvir-mekikj-snimi-duet-so-pajak-po-povekje-od-10-godini-pauza-slushnete-ja-negde-posle-dva-02.jpg

„Мислам дека направивме добар спој со кој ќе ја опфатиме постарата публика, а Пајак ја има помладата публика. Логично е оние деца кој имаат 15 години да не ме познаваат“ - Изјави Елвир.

Автор на музиката е Пајак, текстот е на Елвир Мекиќ, но интересно е тоа што текстот на песната е напишан од насловите од најголемите хитови на Елвир како: „Некаде после два“, „Армиија“, „Ич не ме боли“, „Слаба точка“ и др.. Аранжманот миксот и мастерингот се на Иван Јованов – Ивајо.

Спотот е во режија на Гордан Божиновски - Урбан Рекордс продукција. Се снимаше на две локации, во Дајмонд мол,  Гурман стрит и Лимак Хотел. Во спотот се појавуваат нашиот познат манекен и фитнес модел Драган Стојчевски и моделот Евгенија Петрушевска.

elvir-mekikj-snimi-duet-so-pajak-po-povekje-od-10-godini-pauza-slushnete-ja-negde-posle-dva-03.jpg

Елвир со сопругата и синот живее и работи во Сараево, Босна и Херцеговина, но со Македонија освен блиските и пријателите го поврзуваат и работни ангажмани, па така периодот што претстои планира да се посвети и на музичката кариера.

Во продолжение погледнете го спотот за песната „Негде после два“.кој се промовираше на Јутуб каналот на Урбан Рекордс и веќе е на трендинг листата.

Би можело да ве интересира:

Пајак конечно со прв студиски албум: „2000 и некоја“ носи дуети со Тајзи, Јован и Елвир, Тони Зен и ... Албумот носи природна динамика, од енергични, модерни песни до поинтимни и повле...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Елвир Мекиќ ѝ подари нов музички „Дијамант“ на својата публика Откако долго време беше повлечен од музичката сцена, Елвир Мекиќ ја продолжува с...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Пајак сними песна со Јован Јованов и Елвир Мекиќ - Нов летен хит, промовиран пред концертот на 6 јун... Македонската музичка сцена од денес е побогата за уште една нова, возбудлива, а ...

Најчитани неделава