„Бев на концертот на Здравко Чолиќ, таква магија одамна не сум почувствувала - се ежев, се топев од емоции, ти благодарам легендо“

Одамна не сум доживеала нешто толку моќно како вчерашниот концерт на Здравко Чолиќ во Скопје. Тон емоции, пеење наизуст на сите песни, преполна сала на нозе... Парови во 20-ти танцуваат на неговите песни, бабички го снимаат цел концерт, жени на видео повик им се јавуваат на саканите за да гледаат... Буквално магија!

bev-na-koncertot-na-zdravko-cholikj-takva-magija-odamna-ne-sum-pochuvstvuvala-se-ezhev-se-topev-od-emocii-ti-blagodaram-legendaren-choveku-01.jpg

Вчера (02.06), сосема непланирано од еден од најголемите фанови на Здравко Чолиќ коj гo познавам, добив билети за првиот од неговите три најавени концерти во салата Борис Трајковски во Скопје.

Поради играта наречена живот оваа жена не успеа да биде таму. Жена која уште во средно училиште се фотографирала со Чолиќ, имала постер со реална големина во нејзината соба, растела со неговите стихови, се вљубувала на нив, некогаш и солзи ронела од нив.

Жена која наизуст ги знае стиховите од сите негови песни и која е еден од неговите најголеми фанови во Македонија, па и во регионот.

И има зошто!

Овој човек е жива легенда и вчера на свои 74 години уште еднаш го докажа тоа.

bev-na-koncertot-na-zdravko-cholikj-takva-magija-odamna-ne-sum-pochuvstvuvala-se-ezhev-se-topev-od-emocii-ti-blagodaram-legendaren-choveku-05.jpg

Пееше како во најдобрите денови од неговата кариера... Не лошо се изразив, тој сè уште ги живее своите најдобри музички денови.

Беше спектакуларен, беше легендарен.

bev-na-koncertot-na-zdravko-cholikj-takva-magija-odamna-ne-sum-pochuvstvuvala-se-ezhev-se-topev-od-emocii-ti-blagodaram-legendaren-choveku-02_1.jpg

Во партерот, пред сцената, долу имаше поставено столчиња, но од толкава еуфорија фановите на почетокот се истуркаа напред до сцената за да бидат што поблиску до својот идол, да го уловат совршениот кадар, но потоа редарите мораа да ги преземат работите во свои раце и да ги вратат назад за луѓето од прв ред да можат да гледаат.

Без воопшто да зборува, само со погледи и гестикулации тој на совршен начин комуницираше со публиката.

Преполната сала дишеше во еден ритам, сите станати на нозе играа на неговите хитови.

bev-na-koncertot-na-zdravko-cholikj-takva-magija-odamna-ne-sum-pochuvstvuvala-se-ezhev-se-topev-od-emocii-ti-blagodaram-legendaren-choveku-03.jpg

Со околу педесетина музичари на сцената, тој ни приреди концерт за каков со право се купуваат билети уште во декември и се исчекува мигот и се живее со еуфорија за истиот.

И сè што очекувавме добивме, па и многу повеќе.

Се потеше пред светлата на рефлекторите и од напорите дадени од петни жили, но не потклекна. Речиси 3 часа ни пееше од срце, шеташе по сцената, имаше насмевка и поглед за секој еден од публиката.

Вистински шармер. Жива легенда. Буквално си реков: „Среќна сум што живеам во времето на Здравко Чолиќ“.

bev-na-koncertot-na-zdravko-cholikj-takva-magija-odamna-ne-sum-pochuvstvuvala-se-ezhev-se-topev-od-emocii-ti-blagodaram-legendaren-choveku-02.jpg

Најголемата регионална музичка ѕвезда има магија во себе, има шарм, за него како времето да застанало.

Нè ежеше со „Kao moja mati“, „April u Beogradu“, „Sinoć nisi bila tu“, „Ti si mi u krvi“, па легендарната „Živiš u oblacima, mala“ од далечната 1977 година.

И овој човек е пејач за сите генерации. Зошто?

Затоа што пар пред мене, во своите 20-ти, танцуваше. Вљубени играа танго и пееја.

Затоа што госпоѓа во своите 70-ти која седеше во близина го сними целиот концерт со својот телефон со таква возбуда.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скоп... „Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 1...
Разиграна љубовна носталгија е „Магија“ на Бузуки бенд Убави емоции, насмевки и разиграност сакаме да предизвикаме со „Магија“, нашата ...
Дупер ја оживуваат магијата на „Супер ѕвезда“ во новата песна По успехот на нивниот последен сингл „Некажано“, кој излезе пред само два месеци...
Пајак сними песна со Јован Јованов и Елвир Мекиќ - Нов летен хит, промовиран пред концертот на 6 јун... Македонската музичка сцена од денес е побогата за уште една нова, возбудлива, а ...
Легато бенд со нова емотивна балада - „Со тебе засекогаш“ веќе станува химна на вљубените  Љубовта, искрените емоции и животните ветувања добија своја музичка приказна во ...
„Коктел“ од емоции и страст со урбан шмек за срцебиење сто на час во – „Каде ти, таму јас“ Многумина ги паметат како дуо „Коктел“ кои во почетокот на 90-тите во ...

Најчитани неделава