„Без да кажеш збор“ – новиот сингл на Мартинијан Кириловски што зборува со тишина, а освојува со емоција

По својот впечатлив настап на овогодинешниот Макфест, каде публиката првпат ја слушна „Без да кажеш збор“, Мартинијан Кириловски го претстави и видео записот за песната која веднаш го освои вниманието на јавноста.

bez-da-kazhesh-zbor-noviot-singl-na-martinijan-kirilovski-shto-zboruva-so-tishina-a-osvojuva-so-emocija-01.JPG

Ова е композиција со која Мартинијан го потврдува својот автентичен израз и зрелоста што ретко се среќава кај млади изведувачи, комбинација на современ звук, емоционална длабочина и беспрекорна интерпретација.

Песната е целосно авторско дело на Илија Ќосевски, кој ги потпишува музиката, текстот и аранжманот. Таа носи брз и динамичен ритам, но зад енергичниот пулс се крие приказна што говори за најнежната форма на љубов, онаа што не бара зборови.

„Сакав да покажам дека и во брз ритам може да се раскаже нешто што се чувствува, не само што се пее. Понекогаш токму тишината зборува најмногу. Оваа песна е за тој миг кога не ти треба ништо освен нечиј поглед за да знаеш сè“. - вели Мартинијан.

bez-da-kazhesh-zbor-noviot-singl-na-martinijan-kirilovski-shto-zboruva-so-tishina-a-osvojuva-so-emocija-06.JPG

Видеото е снимено во ProLight Studio во Скопје, под режисерска палка на Томислав Живковиќ, кој создаде визуелна естетика што совршено ја надополнува песната. Во спотот се појавува моделот Евгенија Петрушевска од Max Models, која со својата појава внесува суптилност и женствена енергија во визуелната приказна.

bez-da-kazhesh-zbor-noviot-singl-na-martinijan-kirilovski-shto-zboruva-so-tishina-a-osvojuva-so-emocija-07.JPG

Самиот Мартинијан ја изведува песната со сигурност и емоција што потсетува на искуство далеку поголемо од неговите години. Со секоја нова изведба, тој покажува дека не го следи трендот, туку го создава својот сопствен пат, пат што води кон квалитет, искреност и уметничка вистина.

bez-da-kazhesh-zbor-noviot-singl-na-martinijan-kirilovski-shto-zboruva-so-tishina-a-osvojuva-so-emocija-9.JPG

Песната е достапна на сите дигитални платформи, а видеото можете да го погледнете на YouTube каналот на Мартинијан Кириловски.

Уживајте во „Без да кажеш збор“:

Би можело да ве интересира:

Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Музички проект со регионални амбиции: Тамара Волческа и Јасмин Алиевски го претставија „Балкански ре... Летото секогаш носи нови хитови, но само мал број песни уште од првото слушање у...
Легато бенд со нова емотивна балада - „Со тебе засекогаш“ веќе станува химна на вљубените  Љубовта, искрените емоции и животните ветувања добија своја музичка приказна во ...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Личната борба ја преточи во песна - Слушнете ја „Молитва” на Ивона Јо (видео) Ивона Јо го претстави својот најличен и најмоќен проект досега „Молитва“, песна ...

Најчитани неделава