„Либеро Бенд“ прославува 15 години постоење и најавува многу изненадувања за публиката
Либеро Бенд оваа година го прославува својот 15-ти роденден и со голема гордост најавува неколку значајни проекти кои ќе бидат објавени во текот на годината.

Овие проекти претставуваат вовед и најава за голем настан што ќе се реализира кон крајот на 2026 година, како круна на нивното петнаесетгодишно музичко патување.
Првиот од најавените проекти, снимен во City Mall, ќе биде премиерно објавен на 17.06.2026 година на нивниот YouTube канал.

Станува збор за уникатен музички проект кој носи голем микс од најубавите македонски поп песни, изведени во живо на посебен и препознатлив начин.
Сниман низ ходниците на City Mall, проектот нуди поинаква атмосфера, свежа енергија и модерна визуелна приказна која совршено се вклопува со музиката.

Публиката имаше можност да ужива во внимателно одбран репертоар од безвременски македонски хитови, обработени и изведени со стилот и емоцијата по кои Либеро Бенд е препознатлив.
Ова е само почеток на низата изненадувања што бендот ги подготвува во чест на својот јубилеј.

Следете ги нивните официјални канали и бидете дел од прославата на 15 години музика, посветеност и незаборавни настапи.
