Пејачот двапати ќе се удавел, принцезата Дијана ги обожавала: Факти за Duran Duran кои ќе настапуваат во Скопје
Duran Duran беше омилениот бенд на принцезата Дијана
Своевремено, принцезата Дијана беше трендсетерка со влијание кое може да се спореди со она на денешните инфлуенсери.
Покрај нејзиниот моден стил, кој до денес е инспирација за многумина, јавноста се интересираше и за нејзиниот вкус за музика.
Во една пригода, Дијана сподели дека нејзиниот омилен бенд е токму Duran Duran.
Од бендот, пак, изјавија дека Дијана им е омилената принцеза.
Ник Роудс понекогаш го заменувал неговиот наставник по хемија
Во интервју, клавијатуристот Ник Роудс има откриено дека кога бил ученик, неговиот наставник по хемија честопати отсуствувал од часовите.
Како што кажува Роудс, го напуштал часот за да оди да се обложува на трки за коњи.
Па, самиот Роудс требало да ја преземе одговорноста за часот, а вели дека во ваквите ситуации било навистина опасно бидејќи учениците некогаш палеле и оган.
„Изненаден сум како училиштето никогаш не изгоре. И, јас бев одговорен за часот“, спореди клавијатуристот во интервју од 2007-ма.
Сајмон ле Бон речиси се удавил и тоа двапати
Пред 40-тина години, Сајмон Ле Бон речиси загинал кога неговата јахта се превртела во вода.
Ле Бон, кој инаку уште тогаш бил искусен морнар, бил дел од трката со јахти позната како Fastnet во јужниот дел на Англија. Но, дел од јахтата се скршил и таа се превртела.
18 членови на екипажот успеале да се качат на горната страна, но пејачот, заедно со уште пет лица, биле заробени под превртениот брод.
Не се удавиле само затоа што нашле џеб со воздух, но сепак вдишале и штетни гасови. Во оваа положба поминале дури 40 минути, пред да бидат спасени.
„Тогаш ја погледнав смртта во очи“, сподели Ле Бон по инцидентот.
Но, ова не била прва средба со смртта за пејачот.
Околу една година претходно, додека го снимале спотот за песната Wild Boys, тој уште еднаш речиси се удавил.
Вo спотот има ветерница со која пејачот влегува под вода. Но, кога бил под вода, ветерницата одеднаш запрела. За среќа, спасувачите реагирале навреме.
Бендот има своја друштвена игра
Веројатно Duran Duran и друштвена игра не се поими што би ги поврзале.
Но, бендот има своја друштвена игра која е издадена уште во 1985 година, кога го достигнуваа врвот.
Играта е дизајнирана за двајца до четворица играчи, а целата е да се собираат картички од спотови и членови на бендовите.
Ќе настапуваат во Скопје
Ова лето ќе се случи најголемиот рокенрол концерт за 2026-та – на 2-ри јули легендарните Duran Duran доаѓаат во Скопје.
Познатиот британски бенд ќе настапува во Арена Борис Трајковски, а картите се достапни за продажба ТУКА.