Васил Гарванлиев преработи песна од „Битлси“ и доби поддршка од Пол Макартни и Ринго Стар: „Уште ми е нереално“
Стивен го направи цел аранжман, песната се снимаше во Прага, а јас го напишав вокалниот хармониски дел, и може да се каже, нова, четврта строфа.
Вокалот го снимавме во Тоскана, во студиото со продуцентот каде што снима и самиот Бочели.
Нормално дека за песната ги земав и моите придружни вокали од Чикаго и хорот, да се дел од песната, но тој дел од песната го снимавме во Чикаго.
Спотот, пак, е снимен во Централ парк во Њујорк а местото познато како Imagine Мemorial.

Песната се пушти во етер пред некој ден и јас сум презадоволен од сè што се случува за толку краток период.
CNN направи најава каде што ме нарече „македонскиот вокалист Васил“, Битлси (Пол и Ринго) не само што го подржаа дуетот, туку го ставија и на официјалните платформи како Спотифај.
На 25 јуни ја пеевме во живо песната во Лос Анџелес, на светскиот ден на Битлси.
И Бочели го слушна дуетот и имаше многу пофални зборови.

Многу сум благодарен на сè, особено што и вторпат бев во Тоскана, каде што снимав со симфонијата во Прага два нови проекта.
Еден е опера, но и една оригинална моја песна заедно со маестро Меркурио.
Се надевам дека сите што ќе го слушнат оваа ново дело ќе се вратат во времето на оригиналната верзија која се промовираше на 25ти јуни 1967 година и дека ќе уживаат во оваа нова верзија“.

Погледнете го видеото и слушнете ја новата верзија на хитот на Битлси:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело