Имаше концерти во скоро секоја земја, ја депортираа од Иран: Факти за Џос Стоун – соул легендата што ќе настапува во Скопје

Од 2014 до 2019 година, Џос Стоун направи светска турнеја и настапуваше во сите земји во светот, вклучувајќи ги Северна Кореја и Сирија. Но, не успеа да го одржи концертот планиран во Иран бидејќи ја депортираа веднаш штом пристигна во земјата.

imashe-koncerti-vo-skoro-sekoja-zemja-ja-deportiraa-od-iran-fakti-za-dzhos-stoun-soul-legendata-shto-kje-nastapuva-vo-skopje-01.jpg

Џос Стоун е еден од најпознатите соул изведувачи на денешницата.

Уште од рана возраст, Џос покажувала интерес за соул музика и американски R&B – нешто што подоцна ќе го оформи нејзиниот музички стил.

Почнала да се занимава со музика на многу рана возраст, а на свои 39 години, има изградено импресивна кариера на која само можеме да се восхитуваме.

На 21-ви јули, Џос Стоун доаѓа во Скопје, а додека нетрпеливо го чекате концертот, научете нешто повеќе за животот на талентираната пејачка.

Забавни факти за Џос Стоун:

Потекнува од големо семејство

Џос Стоун е родена во 1987 година, во англиското гратче Довер и е трето од четири деца.

Нејзиниот татко Ричард Стокер е сопственик на бизнис за увоз и извоз на овошје и јаткасти плодови, додека мајка ѝ Венди на почетокот ѝ била менаџер.

Има дислексија

Талентираната пејачка отворено има зборувано за нејзината дислексија и пречките што ѝ ги поставувала.

Во период кога не се обрнувало многу внимание на овој проблем, училиштето било вистински предизвик за неа.

Па, таа го напуштила училиштето на 16-годишна возраст.

Но, како што вели самата, ова ѝ дало шанса да се фокусира на уметноста што ја сака – музиката.

„Не бев глупава. Туку малку сум дислексична и академијата не ми е јака страна. Повеќе сум уметнички настроена“, има изјавено Џос во интервју.

Ја почнала кариерата на 13-годишна возраст

Додека се соочувала со предизвици на училиште, Џос всушност активно работела на нејзината музичка кариера.

Во 2001-ва, на 13-годишна возраст се пријавила на шоу за таленти на BBC (Star for a Night) – и победила.

Потоа се пријавила на уште едно шоу – Steps to the Stars – каде што исто така победила.

По овој успех, го привлекла вниманието на продуценти од Лондон и одовде почнува нејзината професионална музичка кариера.

Првиот албум го издаде на само 16 години

Благодарение на талентот, Џос Стоун релативно брзо се пробила. Откако потпишала договор со продукциската куќа S-Curve Records, го издала својот деби албум, и тоа на едвај 16 години.

Албумот го снимила во Мајами и Филаделфија и на него соработувала со доста успешни соул изведувачи од САД.

Албумот се покажа како огромен успех и беше во топ 40 на американската Билборд 200 листа.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
„Седатив“ носи нова енергија: Марија Спасовска со деби албум и силна музичка порака (видео) Денеска, пред присуство на медиуми, соработници и гости, младата пејачка  М...
Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скоп... „Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 1...
Нокаут и Брејк со илјада дилеми за „кризата на средните години“ што го мачат сиот машки свет во „Ден... Во пресрет на нивниот голем славенички солистички концерт во арената Јане Сандан...
Тамара Волческа не брои до 3 – ново, смело и најзрело издание на нашата пејачка По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волче...

Најчитани неделава