Имаше концерти во скоро секоја земја, ја депортираа од Иран: Факти за Џос Стоун – соул легендата што ќе настапува во Скопје

Во 2005 година влезе во Гинис

Веднаш по деби албумот, Џос почнала да работи и на вториот албум кој беше издаден следната година, во 2005-та.

Според неа, вториот албум е оној што го смета за нејзино деби и овој пат постигна уште поголем успех.

Истата година, Џос Стоун се закити и со BRIT Award, за најдобра британска женска соло артистка. Со своите 17 години, стана најмладата добитничка на наградата и влезе во Гинис.

Истата година таа беше номинирана и за три Греми награди и оттогаш нејзината кариера се движи само во нагорна линија.

Има настапувано во (скоро) сите држави во светот

Можеби најимпресивниот подвиг на Џос Стоун е нејзината турнеја Total World Tour со која исполни амбициозна цел – настапуваше во речиси секоја земја во светот.

Турнејата траеше шест години, од 2014 до 2019 година и Џос успеа да настапува во земји како Северна Кореја, Јемен и Ирак.

Џос е впрочем првиот артист кој добил сертификат за настапи во сите земји во светот.

Турнејата на Џос почна на 29-ти март 2014 година во Мароко, а заврши на 3-ти јули во Шпанија. Но, по пат се соочила и со опасни ситуации.

На пример, за да настапува во Сирија, таа нелегално ја преминала границата.

Притоа, кога пристигна во Иран, беше депортирана. Иако пејачката закажала приватен концерт, властите мислеле дека ќе биде јавен – нешто што е забрането – па ја привеле штом слетала.

Покрај многуте настапи во склоп на турнејата, Џос се потруди да се сретне и да пее со локални музичари, но и да волонтира во локални добротворни организации.

Во секоја земја покажуваше огромно почитување за културата и обичаите, а во муслиманските земји носеше хиџаб дури и на места каде што законот не го налагал тоа.

Кога беше во Македонија во склоп на турнејата, Џос Стоун запеа со нашата Каролина.

Целиот живот е вегетаријанец

Џос Стоун вели дека е „роден вегетаријанец“ и вели дека јадела сè, освен работи што имаат лице.

„Јас сум пејачка, текстописец, изведувач и човечко битие што ги прифаќа сите големини, форми, бои и видови. Јас сум роден вегетаријанец…

Сметам дека нема потреба да му предизвикаме болка или да му наштетиме на друго живо битие. Има толку многу работи што можеме да јадеме.

Никогаш во животот не сум јадела месо. Некој мудар човек еднаш рекол ’Животните се мои пријатели, а јас немам навика да ги јадам моите пријатели‘. Јас се чувствувам токму така“.

Поддржува над 200 добротворни организации

Џос Стоун е голема хуманитарка која не се грижи само за животните, туку и за луѓето.

Пејачката има згрижено бројни бездомни кучиња, но истовремено преку нејзината фондација има поддржувано над 200 добротворни организации.

Како што веќе спомнавме, додека беше на нејзината светска турнеја, Џос наоѓаше време да волонтира во разни организации, со цел да ја зголеми свесноста за нив.

Има четири деца

Во 2020 година, со објава на Инстаграм Џос Стоун откри дека со нејзиниот партнер очекуваат дете, а на почетокот од следната година им се роди ќерка.

Потоа, во 2022-ра сподели дека повторно е бремена, а истата година добија син.

По второто дете, Џос и партнерот се венчаа, а во 2024-та посвоија момче.

Истата година пејачката откри дека повторно е бремена, па во 2025-та со сопругот го добија и четвртото дете.

Ќе настапува во Скопје

Џос Стоун повторно доаѓа во Скопје, и тоа на 21-ви јули.

Концертот ќе се одржи на стадионот на АРМ, а билетите можете да ги купите ТУКА.



Би можело да ве интересира:

Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
„Седатив“ носи нова енергија: Марија Спасовска со деби албум и силна музичка порака (видео) Денеска, пред присуство на медиуми, соработници и гости, младата пејачка  М...
Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скоп... „Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 1...
Нокаут и Брејк со илјада дилеми за „кризата на средните години“ што го мачат сиот машки свет во „Ден... Во пресрет на нивниот голем славенички солистички концерт во арената Јане Сандан...
Тамара Волческа не брои до 3 – ново, смело и најзрело издание на нашата пејачка По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волче...

Најчитани неделава