Смешни теории на заговор за популарните музичари

Чудни и смешни теории на заговор за популарните музичари се честа тема на разговор. Пример се познатите теории дека Елвис, Тупак и Мајкл Џексон се сé уште живи и живеат на некој остров некаде во светот.

Smesni-teorii-na-zagovor-za-popularnite-muzicari-01

Ова се некои од најсмешните теории на заговор за популарните музичари:

Џеј-Зи е вампир кој патува низ времето

Кога на интернет се појави фотографија од 1930-та година со личност која личи на популарниот музичар Џеј-Зи, постои теорија дека раперот има способност да патува низ времето.

Постои и верување дека тој патувал назад до 1939-та година, за да најде инспирација за музиката на филмот „Големиот Гетсби“.

Но, некои скептици се потсмеваат на оваа теорија и инсистираат на тоа дека Џеј Зи е, всушност, вампир, стар повеќе од 1.000 години.

Smesni-teorii-na-zagovor-za-popularnite-muzicari-01


Бијонсе никогаш не била бремена

За сопругата на Џеј-Зи, Бијонсе Ноулс, исто така постојат неколку теории на заговор. Освен познатата теорија дека е дел од Илуминатите, постои и теорија дека таа, всушност никогаш не била бремена, односно дека ја лажирала бременоста.

Овие заговорници имаат и докази за оваа теорија. Во 2011-та година, Бијонсе ја објави својата бременост на старомоден начин, со галење на стомакот за време на музички награди.

Но, само една недела пред церемонијата, таа била видена на друго место без зголемен стомак. Овие луѓе сметаат дека Бијонсе користела сурогат мајка, бидејќи не сакала да го уништи своето тело.

Како тоа да не е доволно, многумина веруваат дека необично име на нејзиното дете, Блу Ајви, било избрано од страна на самите Илуминати.

Доколку ги превтрите зборовите добивате "Eulb Yvi", а заговорниците на оваа теорија се убедени дека тоа значи: ќерка на Луцифер на латински, иако ова очигледно не е точно.


Алаја била убиена

Алаја стана популарна пејачка уште на 14-годишна возраст. Нејзиниот успех продолжи во текот на 90-те години, вклучувајќи го и појавувањето во филмот „Ромео мора да умре“. Но, во август 2001-та година, младата пејачка загина во авионска несреќа после снимањето на видео спотот на Бахамите.

Како и секогаш, после ова почнаа да се шират различни шпекулации, вклучувајќи ја и вообичаената дека Илуминатите стојат зад нејзината смрт. Една особено смешна теорија на заговор тврди дека Бијонсе ја наредила смртта на нејзиниот ривал, бидејќи била љубоморна на нејзиниот успех.


Вистинскиот Еминем е мртов

Оваа неоригинална теорија на заговор тврди дека вистинскиот Еминем починал пред некое време и е заменет со двојник. Точното време и деталите за неговата смрт варираат од теоретичар до теоретичар, но сите се согласуваат дека вистинскиот Slim Shady бил убиен.

На интернет постои дури и онлајн заедница посветена на докажувањето дека Еминем што го гледаме денес не е истиот оној кој влегол во музичката индустрија со хитовите како „Stan” и „Without Me“.

Smesni-teorii-na-zagovor-za-popularnite-muzicari-02


Ријана ја предвиде смртта на Витни Хјустон

Во декември 2011-та година, Ријана го објави својот музички спот за песната „We Found Love“, која брзо стана популарна. Во видеото е прикажана една страсна љубовна врска и злоупотреба на дрога.

Теоријата на заговор тврди дека во видеото се опишани истите работи кои и се случувале на Хјустон и Боби Браун. Видеото излезе само три месеци пред да биде пронајдено телото на Хјустон во када.

Во еден момент во текот на видеото на песната „We Found Love“, Ријана потонува во када. Оваа сцена наводно ја предвидува судбината на Витни.


Ники Минаж е, всушност, Џеј-Зи

Полуда теорија од оваа нема да чуете, но постојат луѓе кои цврсто веруваат дека Ники Минаж не може да рапува. Значи, со цел да стане суперѕвезда, таа требала малку помош од Џеј-Зи.

Конспираторите тврдат дека Џеј-Зи ги снима сите тешки вокални изведби, додека Минаж користи усна синхронизација заедно со забрзана снимка на неговите стихови.

Како „доказ“ за овој заговор, верниците сметаат дека забавената верзија на песната на Минаж, „Superbass” наводно звучи како Џеј-Зи.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„За Нас“ – музичко првенче на Ања Мицевска Запознајте ја Ања. Иако има само 13 години, младата Ања многу зрело и професиона...
Тони Зен ја објави „Ел Падрино“ – песна со која ќе се обиде да ја врати почитта помеѓу новите и стар... Тони Зен повторно се врати на тлото на кое неговите рими најдобро звучат, а најм...
Промоција за нова песна и видео спот на Славчо Крежески – Одведи ме дома Славчо Крежески е музичар и музички ентузијаст роден во Струга, но подолг период...
Нова песна и спот на Дупер: „Кажи ми во лице“ Скопје, 05.01.2024 – Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот ...
Наум Петрески: Чувајте ја македонската песна бидејќи нема кој друг да ја чува! „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ не звучела никогаш помоќно од сега – отпеана о...
„Тајна отровна“ на Владо Јаневски и уште 6 македонски хитови што се инспирирани од странски песни Дали сте знаеле дека некои од најпознатите македонски песни се всушност инспирир...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg