За мераклии на добар звук и плочи - како настанал грамофонот?

Веројатно многумина од вас покажуваат ентузијазам кога ќе видат стар грамофон или сочувана збирка на плочи. Овие уреди во себе го чуваат духот на времето, а го проектираат со уникатниот изглед и звук.

Samo za nostalgicari kratka istorija na gramofonite 01

Ова искуство не може да се доживее со слушање музика на стерео звучници, колку и да се квалитетни. Тие што имаат грамофон, знаат за што зборуваме.

Грамофоните за прв пат почнале да се произведуваат во 19 век, благодарение на Едуард-Леон Скот де Мартинвил. Неговиот уред се користел само за анализа на звук, но не и за репродукција. Две децении подоцна, американскиот пронаоѓач, Томас Едисон, го конструирал првиот уред за снимање и репродукција, на звук- фонограф.

Првиот „вистински“ грамофон е патентиран од Емил Берлинер во САД. За разлика од фонографот, во овој случај иглата паралелно ја следела насоката на движењето на плочата, а не вертикално како порано.

Иако Берлинер потрошил многу време за изградбата на првиот грамофон, неговото усовршување морало да го чека почетокот на 20-от век.

Дваесетите години биле години на порастот на грамофонот. „His Master’s Voice“ во 1927 година произведува грамофон со рог за засилување на звукот.

Грамофонот се состои од оперативен механизам кој го врти дискот на кој се наоѓа плочата, кој првично бил уред за навивање, за понатаму да биде заменет со електричен мотор, рачка со грамофонска игла и рог за репродукција.

Samo za nostalgicari kratka istorija na gramofonite 02

Иглите првично биле челични и требало да се менуваат после неколку пуштања. Се произведувале и игли од сафир и дијамант. За изработка се користеле и разни други материјали (кактус, бамбус, дрво) кои не ги оштетувале плочите како челичните игли.

Брзината на вртењето на грамофонските плочи била 78 вртежи во минута. Во дваесеттите години, за потребите на филмовите, се развива брзина од 33 вртежи во минута, а кон почетокот на педесеттите години и 45 вртежи во минута.

Со намалувањето на брзината се зголемувал капацитетот на снимениот материјал на грамофонските плочи, но се губел квалитетот.

Samo za nostalgicari kratka istorija na gramofonite 03

Во 20-те години на 20-от век, комбинираните домашни системи станувале попопуларни, вклучувајќи ги вградените засилувачи, звучници и, се разбира, радиото. Овој период може да се нарече златната ера на грамофоните.

Во тоа време издавачките куќи, и креаторите на фонографите, претставиле неколку важни иновации. Прво се создадени повеќе модели кои работеле на електрична енергија, па луѓето не морале рачно да го вртат уредот.

Во 1925 година е претставено нешто што се нарекува „ортофонски“ звук. Ова значело дека музиката се снимала со нови електрични микрофони и засилувачи, наместо акустично како порано.

Новиот „електричен“ звук бил многу појасен и поблизок до звукот на радиото. Исто така, за прв пат можеле да се слушнат и послабите инструменти како клавијатура, гитара и ниските басови, како и тапаните, кои порано биле премногу гласни.

По Втората светска војна грамофонската индустрија почнува да се шири, а се појавуваат и први ЛП плочи (long playing) и висококвалитетен звук (Hi-Fi).

Грамофоните се најчесто сместени во квадратни кутии, без романтичен цилиндар или изглед, бидејќи нема техничка потреба за тоа. Сепак, некои компании прават ретро-модерни грамофони, кои барем визуелно ќе ја задоволат носталгијата на нивните клиенти.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Спотот на Ламбе Алабаковски за преработката на „Дејгиди луди млади години“ Ламбе Алабаковски оваа успешна музичка година ја заокружува со својата верз...
Сара Мејс во свежо, уникатно и впечатливо издание за новиот видео запис за песната „Очи Вселена“ Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од г...
Врчак издаде нова песна со ДНК, по пауза од 15 години - Слушнете ја „Посреќна“ (видео) „Дами и господа, по пауза од 15 години, повторно со вас. Слободно кажете им на с...
Објавена последната песна на Тоше Проески: „Кажу да време лечи све“ „Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”…се стиховите о...
Зуица Лазова: Нашиот фолклор е наша лична карта и идентитет! Колку векови во темнина си била, колку темни сказни знаеш, земјо мила, колку стр...
Песни кои „полнат“ 20 години во 2024-та – Која ви беше омилена? Заразната Gasolina која или ја мразевте или многу ја сакавте, но и Toxic на Брит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg