Витни Хјустон – Моќен глас низ три октави

Таа беше една од најнаградуваните женски вокали на сите времиња. 

vitni-hjuston-mokjen-glas-niz-tri-oktavi-01.jpg

Влезе во Гинисовата книга на рекорди како најпродаван изведувач, со повеќе од 200 милиони носачи на звук продадени низ целиот свет. Со издадени седум студиски албуми од кои сите освоија дијамантски, платинести и златни тиражи.

Токму моќта на нејзиниот глас ја отвори вратата за успех и на многу други афро-американски пејачи. Со продадени над 140 милиони албуми, Витни Хјустон е на врвот на листата на најпродавани светски музичари на сите времиња. Позната како “Глас” (”The Voice”) заради нејзиниот ”моќен поп-вокал”, весникот Rolling Stone ја рангираше на листата “100 најголеми пејачи на сите времиња”.

Витни Елизабет Хјустон е родена на 9 август, 1963 година. Американски изведувач, актерка, продуцент и модел. Потекнува од семејство кое се смета за музичка елита во Америка. Нејзината мајка Сиси, пеела придружни вокали за Елвис Присли, Махалија Џексон и Арета Френклин, а нејзина тетка е славната Дион Ворвик.

Од деветгодишна возраст, Витни пеела во евангелскиот хор во Њу Џерси и веднаш бил приметен нејзиниот моќен глас што совршено ги покривал нотите низ три октави. Тројно дејство на едно моќно грло.

Уште како тинејџерка, таа пеела студиски бек-вокали со Chaka Khan, Nevillel Brothersima и Bill Laswell’s Materialu, а вртоглаво успешната кариера и започнува откако ја открил Clive Davis, со кого и ги снимала првите три сингла, “Saving All My Love for You”, “How Will I Know” и “The Greatest Love of All”.

Првиот албум  Whitney Houston го издала во 1985 година, и тој станал еден од најпродаваните деби албуми воопшто.

Хјустон се појави во својата прва главна улога во филмот Телохранител, каде партнер и е во тоа време мегапопуларниот Кевин Костнер. Албумот со музиката од филмот, освои Греми за албум на годината (1994 година) и стана најпродаван soundtrack на сите времиња.

Витни Хјустон последен пат излезе на сцена непосредно пред засекогаш да се збогуваме од неа, токму на една од забавите по повод Греми, кога непланирано се качи на бина и ја запеа песната “Yes, Jesus Loves me”.

Ќе остане запаметена по прекрасниот глас и таа тројна моќ на нејзиното грло.

Текстот е инспириран од Септолете тотал – единствениот препарат за грло со тројна сила

septolete

Би можело да ве интересира:

Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
Тамара Волческа не брои до 3 – ново, смело и најзрело издание на нашата пејачка По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волче...
Тамара Тодевска ја отвора новата ера со „Драма квин“, прв сингл од визуелниот албум „Кукла жива“ Тамара Тодевска е повторно во фокусот на македонската музичка сцена, овојпат со ...
Тамара ја промовира „Дива“, песната за женска сила: „Сакам да ја пуштите гласно, да пеете и да сте с... Тамара Тодевска ја објавува „Дива“, третиот сингл од новиот визуелен албум „Кукл...
Симона Поповска со „Не ми доаѓаш“: Емотивна експлозија на 40-тото издание на „Макфест“ На јубилејното 40-то издание на фестивалот „Макфест“, Симона Поповска ја донесе ...
Визуелна магија и женска енергија: Александра Јанева го промовираше најновиот видео-запис за „Сестро... По серијата успешни музички проекти, Александра Јанева го претстави видеотo за с...

Најчитани неделава