„Розеви Неба” на Мартина Блажеска, македонски претставник на проектот на ОН - „Песни за мир во светот”

Мартина Блажеска е синоним за музичка поткованост, напорна работа и успешно остварени проекти. Дипломец на престижниот универзитет за музика, Беркли, пејач, композитор, гитарист и официјален артист, на брендовите “Ibanez Guitars”, “Laney Amplification” и “Elexir Strings”.   

rozevi-neba-na-martina-blazheska-makedonski-pretstavnik-na-proektot-na-on-pesni-za-mir-vo-svetot-01.jpg

Млада, храбра, позитивна девојка која својот пат до светската музичка сцена го гради трпеливо со секојдневна посветеност, континуирано инвестирајќи во својот музички талент. Полн пакет кој во себе го носи шмекот на охридскиот бран додека гo освојува светот.

Нејзината музичка патека започнува на четиринаесетгодишна возраст кога ја открива гитарата и започнува да се интересира за музичка изведба со гитара како главен инструмент. Понесена од својата пасија кон музиката, се запшишува во средно музичко училиште каде што ги создава своите први стапки кон нејзината музичка кариера. После завршувањето на средното образование се сели во Бостон каде што студира 4 годишна програма за музичка изведба со гитара на најдобриот универзитет за современа музика – Беркли.

Зад себе има неколку успешни проекти како својата прва европска турнеја и деби албумот, наречен “World On String” 2018 кој може да биде преслушан на сите музички платформи.

Низ нејзините композиции, покрај нејзиниот милозвучен глас, може да се забележат елементи на инди-поп, како и исклучителни комбинации на изведба со гитара.

Блажеска моментално живее и твори на локација Германија-САД, а во последно време е актуелна со преработки на песни од странски артисти, кои се достапни на нејзиниот канал.             

Нејзиниот последен проект е еден од најголемите предизвици, бидејќи за првпат твори на македонски јазик. Имено, најновата песна „Розеви Неба” е наменета за „Меѓународниот ден на мирот” (“International Day Of Peace”), како дел од проектот „Песни за мир во светот” (“Songs For World Peace”) поддржан од Обединетите Нации. Проектот опфаќа над 200 артисти кои ќе изведат 200 оригинални песни на нивниот мајчин јазик.  

Блажеска преку својат мелодија со специфичен грув носи една нова димензија на дефиницијата за мир, за разлика од баладите кои најчесто се користат да ја опишат оваа благосостојба.

Taa доловува една активна енергија која е уникатно поврзана со самата тематика. Атмосферата на „Розеви Неба” потсеќа на едно необично изгрејсонце. Ве прави да се замислите себеси на  некоја  височинка со поглед на еден нов почеток на денот полн со можности, полн со предизвици, во кој секој треба да го пронајде сопствениот мир. 

Видео записот е снимен во Лајпциг, Германија на четири различни локации. Во него покрај Мартина Блажеска, гледаме и машка фигура во еден модерен танцов дует. Машката и женската фигура можат да бидат сфатени како симбол за еднаквоста, додека самиот танц е симбол на она што тече и се менува.       

Музиката, текстот и вокалите се дело на Мартина Блажеска, во соработка со Мартин Милер кој се главен виновник за продукцијата, додека пак мастерингот е дело на Торстен Солдберг. Кинематографијата е дело на Јан Потш, додека пак кореографијата и танцот се дело на Морган Рид кој покрај Блажеска се појавува како танчар во самото видео.

Во продолжение уживајте во видео записот на „Розеви Неба”:

Слушнете ги и нејзините последни преработки:      

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Спотот на Ламбе Алабаковски за преработката на „Дејгиди луди млади години“ Ламбе Алабаковски оваа успешна музичка година ја заокружува со својата верз...
Наташа Миха со нова песна - Слушнете ја „Инферно“ После година дена од објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, Наташа Миха се...
Мина Блажев: Огромна е одговорноста да се пее „Море сокол пие“ Четвртата по ред нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“ е „Море ...
Првата песна на Тамара Волческа на македонски јазик - „Место од спомени“ На 12.07.2023 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата прв...
Лена - нов музички артист на нашата сцена Нашата земја е преполна со музички таленти и ни е навистина драго што имаме квал...
Промоција за нова песна и видео спот на Славчо Крежески – Одведи ме дома Славчо Крежески е музичар и музички ентузијаст роден во Струга, но подолг период...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg