Уникатно и во свој стил – Калина Велковска - Кали со „4“ се пласираше во финалето на „Макфест 2021“

Вчера вечер започна триесет и шестото издание на Фестивалот на музика „Макфест“, на отворената сцена поставена во спортско-рекреативниот центар „Аква бела ресорт“ во Штип. Честа да го отвори овогодинешното издание и припадна на прекрасната Калина Велковска - Кали.

unikatno-i-vo-svoj-stil-kalina-velkovska-kali-so-4-se-plasirashe-vo-finaleto-na-makfest-2021-01.jpg

Шармантната Калина Велковска - Кали, која веќе долги години е на музичката сцена, оваа година реши да се претстави и на Макфестовската сцена, со една многу поинаква музичка нота. Покрај настапите кои ги има досега, како на светското талент шоу „The Voice“, дел од евровизиските тимови и дел од многу различни концерти, оваа година Калина за свој музички предизвик го зема претставувањето на „Макфест 2021“.

„4“ е уникатна композиција со лична нотна приказна, која буди емоции. Музиката и текстот на песната се дело на Сара Мејс, додека пак аранжманот и аудио продукцијата се на Иван Петровски, а режијата му беше препуштена на Зоран Зонде Стојановски.

unikatno-i-vo-svoj-stil-kalina-velkovska-kali-so-4-se-plasirashe-vo-finaleto-na-makfest-2021-03.jpg

Пасијата кон музиката и соживувањето со секоја една нота, ја прави Калина уникатна во нејзините изведби. Енергијата која Калина ја пренесе на овогодинешното издание на „Макфест“ е незаменлива и посебна. Според неа, кога некој прави музика, мора секогаш да бара нови начини како тоа совршено да го сподели со светот.

Калина Велковска - Кали со својата композиција „4“ ги маѓепса жирито и публиката и успеа да се пласира во финалната вечер на „Макфест 2021“, на која ќе се натпреварува за првото место.

Еуфоријата и желбата за победа сега се поголеми, а наше е да ја бодриме и вечерва талентираната Калина, која ќе се натпреварува со сите финалисти, и да и помогнеме да го постигне максимумот.

unikatno-i-vo-svoj-stil-kalina-velkovska-kali-so-4-se-plasirashe-vo-finaleto-na-makfest-2021-02unikatno-i-vo-svoj-stil-kalina-velkovska-kali-so-4-se-plasirashe-vo-finaleto-na-makfest-2021-.jpg

Видео спотот на песната „4“ официјално излезе на YouTube платформата веднаш по настапот на Калина. Уживајте во видео записот и убавата мелодија.

Видео: Kaly – „4“ -

Би можело да ве интересира:

Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скоп... „Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 1...
Тамара Волческа не брои до 3 – ново, смело и најзрело издание на нашата пејачка По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волче...
Ана и Алексеј од Битола ја преработија безвременската „Немир“ од Каролина и Тоше (видео) Младите талентирани музичари Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски од Битола, кои ја...
Симона Поповска со „Не ми доаѓаш“: Емотивна експлозија на 40-тото издание на „Макфест“ На јубилејното 40-то издание на фестивалот „Макфест“, Симона Поповска ја донесе ...
Елвир Мекиќ ѝ подари нов музички „Дијамант“ на својата публика Откако долго време беше повлечен од музичката сцена, Елвир Мекиќ ја продолжува с...
Драгана Јовановска ја објави „Лага“ — нова песна со модерен звук и моќен тим зад себе (видео) Македонската музичка сцена периодов не запира — нови проекти, свежи песни и моде...

Најчитани неделава