Прв дует на Лара Иванова и Пајак - „Bella“ е хитот со кој младите талентирани ѕвезди ќе настапат на Макфест 2022

Скопје, 17.10.2022- Талентираната и млада пејачка Лара Иванова, која го привлече вниманието на јавноста со музичките песни „Ремек Дело“, „Некогаш ќе помине“, „Цвеќе на тагата“, „Душа“ и многу други, на овогодинешното издание на Макфест, ќе го претстави новиот дует кој носи наслов „Bella“. Овој музички хит во најава, е соработка со македонската трап ѕвезда Пајак.

lara-i-pajak-so-duet-na-makfest-2022-slushnete-del-od-bella-01.jpg

Песната зборува за секојдневието на еден вљубен пар и за сите авантури што им се случуваат на нивниот љубовен пат. „Тоа, тоа, тоа што го правиш намерно, тоа, тоа јас по тебе трагам упорно...“, пеат Лара и Пајак,а позади текстот и музиката стои токму потписот на „Пајак“. Аранжманот е дело на Иван Јованов-Ивајо.

lara-i-pajak-so-duet-na-makfest-2022-slushnete-del-od-bella-02.jpg

Пајак веќе долго време соработува со познатата продукција „Urban Records“, а неговите хитови „Ноќва“, „Срце“, „Проблем“ и многу други, имаат милионски број прегледи, што го потврдува фактот дека овој млад пејач го очекува светла иднина.

lara-i-pajak-so-duet-na-makfest-2022-slushnete-del-od-bella-03.jpg

lara-i-pajak-so-duet-na-makfest-2022-slushnete-del-od-bella-04.jpg

Тизерот за „Bella“ е веќе објавен, а официјалната промоција на песната и спотот кој е во финални подготовки, ќе може да ги слушнете и погледнете на 22ри октомври, на втората фестивалска вечер на Макфест.

Би можело да ве интересира:

Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Пајак конечно со прв студиски албум: „2000 и некоја“ носи дуети со Тајзи, Јован и Елвир, Тони Зен и ... Албумот носи природна динамика, од енергични, модерни песни до поинтимни и повле...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Пајак сними песна со Јован Јованов и Елвир Мекиќ - Нов летен хит, промовиран пред концертот на 6 јун... Македонската музичка сцена од денес е побогата за уште една нова, возбудлива, а ...
Лара Иванова најавува нова песна и поинаков визуелен имиџ кој носи свежа енергија Лара наскоро ќе ја промовира својата најнова песна со видео запис во модерен виз...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...

Најчитани неделава