Низ публиката на Златна Бубамара 2026 (фото)
- Детали
- петок, 27 февруари 2026
Синоќешната Златна Бубамара уште еднаш покажа дека не е само манифестација за награди, туку и вистинско шоу за публиката. А тие, расположени и насмеани, уживаа скоро 4 часа...

Вчеравечер (26.02) се одржа 29-то издание на Златна Бубамара, а арената „Борис Трајковски“ беше полна од првото до последното место.
Освен јавните личности кои настапуваа, кои беа дојдени да земат награда или само да му оддадат почит на Ранко Петровиќ и сето она што тој со својот тим го прави скоро 3 децении, тука беше и публиката, а меѓу нив и познати парови.
Посетителите уживаа во одличната музичка програма, во шегите на водителите, но и во емотивните говори.
Каква беше атмосферата низ публиката на Златна Бубамара 2026?
Прочитајте и Моќниот говор на Игор Џамбазов на „Бубамара 2026“, што ни ја стегна душата: „Кој ги уби децата од Кочани?“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
Фото: Александар Ристовски