11 забавни моменти од Златна Бубамара '26, кои (веројатно) нема да ги видите на телевизија
- Детали
- петок, 27 февруари 2026
Кристина Димитри прави селфи за Инстаграм Стори, а малку ѝ ѕирна и прерамката под фустан. Четкар влезе во елемент и танцуваше пред бина, а Ранко ги „креваше“ сите на нозе – фото-моменти од Златна Бубамара 2026 кои можеби нема да ги видите на ТВ.

Овогодишната Златна Бубамара на популарноста ја најавија како една од најинтернационалните, а навистина може да се нарече светски, а наш спектакл.
Гостите и учесниците модно издоминираа, многу од познатите се појавија со своите посилни или понежни половини, салата грмеше од моќните вокали на домашните, регионалните и светските музички ѕвезди, имаше многу смеење, но и плачење.

Прочитајте и Емотивни моменти на Златна Бубамара ’26: Џамбазов со грутка во грло рецитира за Кочани, Тина Русева „згрме“ со моќен вокал и порака
Атмосферата во живо навистина е посебна и се доживуваат моменти што понекогаш не се доловуваат доволно добро, но и преку нашите фотографии може да ѕирнете дел од случувањата кои можеби нема ниту да бидат пренесени.