НАСА објави најчисти фотки од нова област на Марс досега, откако најде можни знаци за живот на црвената планета

На поновите видеа и фотографии од роверот Perservance, можеме да ја видиме планетата Марс во ново светло. Истовремено, научниците веруваат дека веќе ги нашле првите знаци за древен живот на црвената планета.

nasa-objavi-najchisti-fotki-od-mars-dosega-otkako-najde-mozhni-znaci-za-zhivot-na-crvenata-planeta-01.jpg

Од лансирањето на роверот Perservance во 2020 година, НАСА има објавено илјадници фотографии и видеа од површината на Марс.

Сепак, едни од позабавните, вклучувајќи и видео, се понови и наместо само црвени дини и прашина, сега имаме можност да видиме и други формации на црвената планета.

Видеото е склопено од панорама од површината на Марс која во целосна големина можете да ја погледнете ТУКА.

PIA26333_figA.jpg

Бидејќи панорамата е голема и е сочинета од 18 различни фотографии, тешко се забележуваат детали.

Но, во форма на видео, фотографиите како да оживуваат и ни го покажуваат Марс од потполно нова перспектива.

На црвената почва на Марс се расфрлани бројни црни камења и иако личи како на сцена од Земјата, сепак делува и уникатно.

17283421843400.jpg

Геолошката формација на видеото досега не е забележана на Марс, а наводно белиот камен што се истакнува е еден од најстарите кои биле забележани на површината.

Областа што ја гледаме е остаток од древен океан.

Погледнете го видеото во продолжение:

https://www.youtube.com/watch?v=O0jKf5XrRcE

Инаку, со помош на роверот, НАСА бара траги од живот на Марс.

Кон крајот на јули, експертите изјавија дека веќе ги забележале првите можни знаци дека на црвената планета некогаш имало живот.

На дел од фотографиите испратени од роверот се забележуваат траги на неколку карпи, за кои експертите сметаат дека се направени од микроби кои биле живи пред милијарди години.

„Ова е најчудното, најкомплексното и најважното откритие од роверот Perservance.

Имаме детекција на органски материјал – впечатливи точки со бои кои укажуваат дека можеби имало живи организми, а има и јасен доказ дека овде поминувала вода“, вели еден од научниците кои работат на проектот.

nasa-objavi-najchisti-fotki-od-mars-dosega-otkako-najde-mozhni-znaci-za-zhivot-na-crvenata-planeta-03.jpg

Научниците се надеваат дека ќе можат да испратат дел од примероците од Марс на Земјата, со цел подобро да ги проучат.

Повеќе фотки од роверот Perservance на следната страница...



Би можело да ве интересира:

7 органи без кои можеме да преживееме (донекаде) Знаевте ли дека е возможно човек да живее без желудник? А, дека може да преживее...
Што е „супер Ел Нињо“, феноменот кој може да ни донесе многу жешко лето (и каква штета би предизвика... Ел Нињо е феномен кој се случува на површината на Тихиот Океан, а има глобално в...
Сè што треба да знаете за мисијата што ќе нè врати на Месечината (и како да го следите лансирањето н... Ако временските прилики се добри и ако не се појават технички проблеми, утре чет...
Како изгледа животот на астронаутите во минијатурната капсула, на патот до Месечината? Имаат неколку опции за храна, како оброци со месо и зеленчук кои се дехидрирани....
Астронаутите од Артемида 2 безбедно се вратија на Земјата, по патувањето до Месечината Синоќа, околу два часот по полноќ (по македонско време) четворицата астронаути о...

Најчитани неделава