Сè што треба да знаете за мисијата што ќе нè врати на Месечината (и како да го следите лансирањето на астронаутите)
Мисијата, секако, не помина без проблеми и имаше дури четири откажани лансирања поради проблеми со моторите, но и тропски бури.
Со оваа мисија се покажа дека системите за лансирање, леталото Орион, како и системите за комуникација на Земјата работат беспрекорно и се подготвени за лет со екипаж.
Патот што го помина Орион во склоп на Артемида 1
Што можеме да очекуваме од Артемида 2?
На 1-ви април, четворица астронаути ќе бидат лансирани од вселенскиот центар Кенеди во Флорида и ќе тргнат на 10-дневно патување до Месечината и назад.
Лансирањето е закажано за 6:24 часот попладне по локално време, односно во 00:24 часот на 2-ри април по наше време.
Екипажот го сочинуваат астронаутите од НАСА Рид Вајзман, Кристина Кох и Виктор Гловер, како и канадскиот астронаут Џереми Хансен.
Тие ќе бидат првите луѓе кои отишле до Месечината во последните 50 години, а оваа мисија е важна бидејќи Крстина Кох ќе биде првата жена која отишла до Месечината.
Подготовките за лансирањето веќе се во тек, додека астронаутите се наоѓаат во карантин, за да не бидат изложени на никакви микроорганизми.
Ако временските услови се погодни и не се појават проблеми, во среда наутро ќе почнат да се полнат резервоарите со гориво на ракетата. Овој процес може да трае и пет часа.
Ракетата што ќе ги лансира астронаутите
Околу 4 часа и 40 минути пред лансирањето, астронаутите ќе бидат сместени во капсулата Орион.
Лансирањето ќе се емитува на живо во Јутјуб, па ако се реализира, ќе можете да го следите на линкот ТУКА.
Околу осум минути откако ќе полетаат, астронаутите ќе стигнат до вселената, а првиот ден од мисијата ќе го поминат орбитирајќи ја Земјата.
Внатрешноста на Орион
Ова е период кога ќе ги тестираат сите системи на капсулата, вклучувајќи ги и оние кои ги одржуваат во живот.
Според планот, на вториот дел од мисијата ќе бидат вклучени главните мотори на леталото и астронаутите ќе се упатат кон Месечината.
Во наредните четири дена додека патуваат кон Месечината, астронаутите ќе изведат низа тестови кои ќе бидат од корист за идните мисии.
Ако лансирањето се реализира, се очекува астронаутите да ја заобиколат Месечината на 6-ти април.
Фотографија од Месечината направена со Артемида 1
Тие ќе имаат можност одблиску да видат делови од Месечината што не ги видел никој досега.
Денот во орбита на Месечината главно ќе го поминат правејќи фотографии и видеа и, секако, восхитувајќи се на глетката.
Патувањето назад до Земјата ќе трае неколку денови и се очекува да слетаат во Тихиот Океан во близина на Сан Диего, на 10-ти април.
Патот што ќе го поминат астронаутите со Артемида 2
Спирова С. | Црнобело
