Астронаут крсти месечев кратер по починатата сопруга, срушија рекорд: Како помина најважниот дел од Артемида 2?

Потоа, 40-тина минути по полноќ, астронаутите почнаа да се движат кон „темната“ страна на Месечината и тогаш сведочеа на волшебна глетка – заоѓање на Земјата.

Од нивна перспектива, Земјата изгледаше како да заоѓа зад хоризонтот.

astronaut-krsti-mesechev-krater-po-pochinatata-sopruga-srushija-rekord-kako-pomina-najvazhniot-del-od-artemida-2-2.JPGАстронаутот Виктор Гловер гледа кон Земјата

Кога се движеа од другата страна на Месечината, астронаутите немаа контакт со Земјата бидејќи нашиот сателит ги попречуваше сигналите за комуникација.

„Како што се подготвуваме да ја прекинеме радио комуникацијата, уште ја чувствуваме вашата љубов од Земјата. И до сите вас на Земјата и околу неа, ве сакаме од Месечината.

Се гледаме на другата страна“, сподели астронаутот Виктор Гловер.

astronaut-krsti-mesechev-krater-po-pochinatata-sopruga-srushija-rekord-kako-pomina-najvazhniot-del-od-artemida-2-03.JPGКапсулата Орион си направи селфи со една од надворешните камери на третиот ден од мисијата

Прекинот на комуникацијата траеше 40-тина минути, а овој период астронаутите го достигнаа и најголемото растојание од земјата – дури 406.700 километри.

Потоа, како што ја поминуваа темната страна, астронаутите сведочеа и на изгревање на Земјата, а тогаш успеаја да воспостават и комуникација со Земјата.

Околу 2:35 часот по полноќ, астронаутите сведочеа на уште една волшебна глетка – соларна еклипса.

Тие се најдоа во положба каде што од нивна перспектива, Сонцето беше целосно прекриено од Месечината. Соларната еклипса траеше околу еден час.

astronaut-krsti-mesechev-krater-po-pochinatata-sopruga-srushija-rekord-kako-pomina-najvazhniot-del-od-artemida-2-08.JPGМесечината фотографирана од Орион на петтиот ден од мисијата

Еден час подоцна, тие ја завршија обиколката околу Месечината и почнаа да се подготвуваат за патувањето кон дома.

Денес во 19:25 часот, тие треба да ја поминат сферата на гравитациското влијание на Месечината. Оваа таканаречена сфера е растојанието каде што месечевата гравитација уште е посилна од земјината.

astronaut-krsti-mesechev-krater-po-pochinatata-sopruga-srushija-rekord-kako-pomina-najvazhniot-del-od-artemida-2-14.JPGРид Вајзман гледа кон Месечината неколку часа пред прелетувањето

Ова растојание е на околу 66.000 километри од Месечината и кога ќе го поминат, и официјално ќе го почнат патувањето кон дома.

Се очекува астронаутите да пристигнаа на Земјата во 2 часот по полноќ во сабота, односно, по американско време, во 20:07 часот во петок.

astronaut-krsti-mesechev-krater-po-pochinatata-sopruga-srushija-rekord-kako-pomina-najvazhniot-del-od-artemida-2-07.JPGАстронаутката Кристина Кох во капсулата Орион

Ќе слетаат во Тихиот Океан, во близина на западниот брег на САД.

НАСА допрва ќе споделува фотографии од Месечината, а снимката од преносот од прелетувањето можете да ја гледате ТУКА.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Сè што треба да знаете за мисијата што ќе нè врати на Месечината (и како да го следите лансирањето н... Ако временските прилики се добри и ако не се појават технички проблеми, утре чет...
Како изгледа животот на астронаутите во минијатурната капсула, на патот до Месечината? Имаат неколку опции за храна, како оброци со месо и зеленчук кои се дехидрирани....
Успешно полетување, но мали проблеми со тоалетот: Како помина лансирањето кон Месечината? (фото+виде... Синоќешното лансирање на Артемида 2 помина беспрекорно, а сега, неколку часа под...
Што ќе се случи на Земјата ако Месечината одеднаш исчезне? Ако Месечината исчезне, деновите постепено ќе стануваат пократки бидејќи нејзина...
Како да го гледате вечерашното целосно затемнување на Месечината? Вечерва, почнувајќи од 19:30 часот, на небото ќе можеме да го видиме целосното з...
Астронаутите од Артемида 2 безбедно се вратија на Земјата, по патувањето до Месечината Синоќа, околу два часот по полноќ (по македонско време) четворицата астронаути о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg