Астронаутите од Артемида 2 безбедно се вратија на Земјата, по патувањето до Месечината

Поради огромната температура, капсулата изгледаше како огнена топка, а краток период астронаутите изгубија контакт со центарот за комуникација.

По успешното влегување во атмосферата, на околу осум километри од површината на Тихиот Океан, беа ослободени падобрани со цел да се забави брзината на капсулата.

astronautite-od-artemida-3-bezbedno-se-vratija-na-zemjata-po-patuvanjeto-do-mesechinata-05.jpg

На околу седум километри од површината, беа пуштени уште два падобрани со кои капсулата дополнително се стабилизира.

На нешто помалку од три километри од површината, беа ослободени и главните падобрани кои значително ја забавија капсулата до брзина од 30-тина километри на час.

astronautite-od-artemida-3-bezbedno-se-vratija-na-zemjata-po-patuvanjeto-do-mesechinata-04.jpg

Со оваа брзина, астронаутите безбедно слетаа во Тихиот Океан.

Одовде, спасувачите екипи ги пренесоа астронаутите безбедно на Земјата каде што ќе треба да поминат извесен период во карантин.

Ќе имаат и период на адаптација бидејќи веднаш по враќањето може да се соочат со проблеми со стоењето, вртоглавица и слични симптоми.

astronautite-od-artemida-3-bezbedno-se-vratija-na-zemjata-po-patuvanjeto-do-mesechinata-07.jpg

Ракетата, капсулата и астронаутите ги надминаа очекувањата на експертите од НАСА кои со полна пареа веќе работат на следните мисии.

Со Артемида 3, која е планирана за 2027 година, ќе бидат тестирани операциите помеѓу капсулата Орион и модулите за слетување на Месечината на SpaceX и Blue Origin. Оваа мисија ќе се изведува во земјината орбита.

astronautite-od-artemida-3-bezbedno-se-vratija-na-zemjata-po-patuvanjeto-do-mesechinata-03.jpg

Доколу Артемида 3 се покаже како успешна, следи Артемида 4 – мисијата со која астронаутите ќе слетаат на Месечината и овде ќе поминат околу една недела.

Засега Артемида 4 е закажана за 2028 година, но датумот може да се промени.

Кликнете и погледнете неколку видеа од слетувањето и пречекот на астронаутите:

 

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи на Земјата ако Месечината одеднаш исчезне? Ако Месечината исчезне, деновите постепено ќе стануваат пократки бидејќи нејзина...
Сè што треба да знаете за мисијата што ќе нè врати на Месечината (и како да го следите лансирањето н... Ако временските прилики се добри и ако не се појават технички проблеми, утре чет...
Успешно полетување, но мали проблеми со тоалетот: Како помина лансирањето кон Месечината? (фото+виде... Синоќешното лансирање на Артемида 2 помина беспрекорно, а сега, неколку часа под...
Како изгледа животот на астронаутите во минијатурната капсула, на патот до Месечината? Имаат неколку опции за храна, како оброци со месо и зеленчук кои се дехидрирани....
Астронаут крсти месечев кратер по починатата сопруга, срушија рекорд: Како помина најважниот дел од ... Ја видоа Месечината одблиску, сведочеа на соларна еклипса, изгубија контакт со З...
Како да го гледате вечерашното целосно затемнување на Месечината? Вечерва, почнувајќи од 19:30 часот, на небото ќе можеме да го видиме целосното з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg