Луѓето и неандерталците не се вкрстувале

lugjeto-i-neandertalcite-ne-se-vkrstuvale

Антроползите ѝ зададоа удар на теоријата дека хомосапиенсот и неандерталец се вкрстувале, пренесувајќи на современиот човек дел од генетското наследство од неговите мистериозни предци.

Неколку научни студии во последните две години покажаа дека хомосапиенсите се пареле со неандерталците, мистериозните хоминиди коишто живееле во делови на Европа, централна Азија и Средниот исток, пред околу 300 илјади години, а исчезнале пред 30 до 40 илјади години.

Доказ за тоа е фосилната ДНК која покажува дека Евроазијатите и Азијците делат меѓу еден и пет отсто ДНК со неандерталците, а Африканците речиси ништо.

Меѓутоа, новата студија којашто ја изготвиле научниците од Универзитетот Кембриџ вели дека заедничката ДНК потекнува од заедничките предци, а не од „хибридизацијата“ или репродукцијата меѓу двата хоминидни вида.

Андреа Маника и Андерс Ерискон од Факултетот за еволуциска екологија развиле компјутерска програма на оваа генетска одисеја. Таа започнува со заедничкиот предок на неандерталецот и хомосапиенсот кој живеел пред околу половина милион години во делови на Африка и на Европа.

Пред околу 300 до 350 илјади години, европската и африканската популација на овие хоминиди се поделила. Живеејќи во генетска изолација, европскиот дел постапно еволуирал во неандерталци, а африканскиот во хомосапинеси коишто во бранови се прошириле надвор од Африка пред 60 до 70 илјади години.

Заедниците на хомосапиенсот коишто географски биле поблиски до Европа, најверојатно во северна Африка, задржале сразмерно поголем удел од наследените гени, смета оваа теорија. Тие, исто така, станале првите колонизатори на Евроазија во текот на напредната миграција надвор од Африка.

Тоа би можело да објаснува зошто современите Европејци и Азијати, но не и Африканците, се послични на неандерталците.

Едно од големите прашања на антропологијата е што точно се случило со неандерталците.

Теоријата на хибридизацијата би можела да одговори на ова прашање, барем делумно. Вкрстувајќи се со луѓето, неандерталците не биле „истуркани“ од луѓето, ниту исчезнале под влијанието на климатските промени, како што се тврди во некои теории. Наместо тоа, гените на неандерталците се интегрирале во геномот на доминантната еволуциска линија на хомосапиенсот.

Во една друга студија, пак, научниците предводени до Сванте Пааб од Институтот Макс Планк во Лајпциг, открија дека неандерталците и хомосапиенсите се раздвоиле пред 400 до 800 илјади години, порано отколку што досега се мислеше.

Научниците, исто така, пресметале дека луѓето се одвоиле од шимпанзата, човековите најблиски сродници меѓу приматите, пред околу седум до осум милиони години, порано отколку вообичаените процени за шест до седум милиони години.

16.08.2012 (Макфакс)

Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...
Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg