Мистеријата на Ван Гог

Новите сознанија велат дека сликарот Винсент Ван Гог не си го отсекол сам увото, туку тоа го напраавил неговиот пријател, францускиот сликар Пол Гоген...

 

 

...тврдат двајца германски професори, на чии тврдења француските медиуми покажуваа големо внимание.

Во врска со тезата дека холандскиот сликар сам си го отсекол увото во момент на лудило била општоприфатена,misterijata-za-van-gog1 иако истата будела сомневање кај оние кој малку подлабоко навелгувале во овие истражувања, тврди магазинот Фигаро.

Авторите на оваа студија, Ханс Кауфман и Рита Вилдеганс, професори од Хамбург, кажуваат дека Гоген, славниот сликар на рајски градини и добар борец со меч, со сабја му го отсекол увото на својот пријател во текот на една караница, а Ван Гог ништо не кажал во врска со тоа, со цел да го заштит и ја прифатил целата приказна во врска со саморанувањето.

За овие двајца истражувачи најголем показател да се посомневаат во тоа е брзото враќање на Гоген во Париз, послекраткото испрашување во полицијата.

Ниту ножето за бричење сo кое Ван Гог наводно се ранил, ниту сабјата со која Гоген ја уптребил, не биле пронајдени.

Стручњаците кој ја разгледуваат оваа теза кажуваат дека таа би можела да биде исправна, но дека нема доволно податоци кој може да докажат што точно се случило вечерта на 24.12.1888 година.

Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...
Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg