Проодел после 20 години

Австралијанецот Расел Мекфи кој изминатите 20 години ги поминал во инвалидска количка, повторно проодел благодарејќи на ботокс инекциите.



Мекфи во на свои 26 години водел здрав живот, во слободното време играл фудбал, крикет и кошарка, кога ненадејно доживува мозочен удар на своето работно место. Кога следниот ден се разбудил во болница, докторите му соопштиле дека тој никогаш повеќе нема да може да оди.

so-botoks-proodil-po-23-godini1
"Се чуствував како мојот живот да завршил. Ја изгубив работата, жената ме напушти и останав без ништо за еден ден", раскажува г-дин Мекфи.

Денес тој може без ничија помош да оди сам речиси 20 метри, а за своето драматично опоравување може да им се заблагодари на инекциите на ботксот кои ги добивал во центарот за рехабилитација "St. John of God".

"Бев уверен дека ќе умрам во инвалидска количка. Сега можам да почнам од почеток", изјавува Расел.

Месец дена по првата инекција на ботокс му овозможила да стане и да прооди неколку метри.

Во Австралија ботоксот се користи  за лечење на пациенти кои останале парализирани по мозочен удар. Сепак, случајот на овој 49-годишен австралијанец кој се опоравил после толку доло време, представува медицинско чудо.

Би можело да ве интересира:

Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg