Танц за интелигенција

Секој кој се испробал на подиумот знае дека совладувањето на чекорите за танцување не е лесна работа. Не можете да се вклопите со партнерот...




... ги заборавате чекорите, ви се чини дека немате доволно осет за ритам и сл. Меѓутоа покажано е дека танцувањето не прави поинтелегентни!

Њујоршките научници од медицинскиот факултет ги интересирало кои од рекреативните активности имаат најдобро влијание за човековиот ум и тело.
tanc-za-inteligencija1

Биле понудени активности од типот на читање книга, креативно пишување, решавање крстозбори, играње карти и свирење на музички инструменти.

Физичките активности вклучувале возење велосипед, играње тенис, играње голф, брзо одење. Истражувањето кое траело 20 години, а било спроведувано врз луѓе кои се постари од 75 години , откриено е дека само танцувањето помага при соочување со Алцхајмерова болест.

Сите останати активности се добри за нашето срце, но не и за нашиот мозок. Честото играње на подиумот го намалува ризикот од сенилност за 76%.

Интелигенцијата е често мерена според способноста за брзо донесување одлуки (за дел од секунда) а такви одлуки имаме при танцување, но не и при возење велосипед.

Изнаоѓањата нови решенија, поврзувањето елементи се исто така моменти на танцувањето кои ја подобруваат интелигенцијата.

Што чекате? Право на танцување!

Би можело да ве интересира:

Што е „супер Ел Нињо“, феноменот кој може да ни донесе многу жешко лето (и каква штета би предизвика... Ел Нињо е феномен кој се случува на површината на Тихиот Океан, а има глобално в...
Успешно полетување, но мали проблеми со тоалетот: Како помина лансирањето кон Месечината? (фото+виде... Синоќешното лансирање на Артемида 2 помина беспрекорно, а сега, неколку часа под...
7 органи без кои можеме да преживееме (донекаде) Знаевте ли дека е возможно човек да живее без желудник? А, дека може да преживее...
Како изгледа животот на астронаутите во минијатурната капсула, на патот до Месечината? Имаат неколку опции за храна, како оброци со месо и зеленчук кои се дехидрирани....
Сè што треба да знаете за мисијата што ќе нè врати на Месечината (и како да го следите лансирањето н... Ако временските прилики се добри и ако не се појават технички проблеми, утре чет...
Астронаутите од Артемида 2 безбедно се вратија на Земјата, по патувањето до Месечината Синоќа, околу два часот по полноќ (по македонско време) четворицата астронаути о...

Најчитани неделава