Зошто толку спам?

zasto-se-siri-spamot-povekjeСекојдневно на вашата и-мејл адреса добивате безброј спам пораки кои најчесто ги бришете веднаш. Но, сепак постојат и многумина кои сеуште ги отвораат...

 

...спамовите.

Спамот сочинува 85% до 98% од вкупниот електронски сообраќај. Зошто толку многу? Постои мислење дека тоа е така бидејќи луѓето ги отвораат спам пораките.

Организацијата Messaging Anti-Abuse Working Group неодамна започна големо истражување за да утврди зошто спамот постојано останува голем проблем за е-поштата. Испитаниците, меѓу другото, требале да одговорат поради кои причини ги отвораат спам пораките.zasto-se-siri-spamot

12% одговориле дека ги отвораат бидејќи се заинтересирани за производите, односно услугите кои се рекламираат. Повеќе од 50% од испитаниците признале дека на некој начин ги отвораат (случајно или поради некоја причина), а 6% рекле дека сакале да видат што ќе се случи откако ќе ја отворат. Секој 5ти испитаник признал дека одговара на спамот свесно и намерно.

Не е јасно што ги тера луѓето да ги отвораат рекламите за растителна Вијагра, за промоцијата на бескаматни хипотекарен кредит или секси фотографиите на самците кои живеат во нивното соседство, но јасно дека тие едноставно не сфаќаат дека главно се работи за т.н. „ѓубре“, штетни вируси или обид за крадење информации.

Messaging Anti-Abuse Working Group откри уште неколкуинтересни факти за спамот и безбедноста:

  • 21% од корисниците не преземаат ништо за да го спречат пристигнувањето на спамовите на нивната е-адреса;
  • 14% од нив веруваат дека никогаш нема да фатат опасен вирус ако ги отворат;
  • 25% никогаш не ја надградуваат антивирусната заштита;
  • колку подолго се користи компјутерот толку е поголема веројатноста дека ќе се зарази;
  • ретко кој од испитаниците ја користат опцијата “пријави го спамот“; поголемиот дел од нив само ги бришат кога ќе им пристигне на е-адресата и така пропуштаат да помогнат во развивањето на нивниот филтер против спам.

 

Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg