Нови факти за вонземјаните

Дали сте знаеле дека вонземјаните мразат кучиња, заболуваат од артритис и немаат емоции? Еве ги најновите факти кои се пронајдени за малите зелени...

 

... суштества кои доаѓаат надвор од нашата планета.

Тајниот документ кој го подготвија уфолозите од Русија, САД, Франција, Италија и Шведска е пратен е до др. Нејтан Белингам, стручњак за НЛО кој за добиениот документ тврди дека е најфасцинатниот документ кој некогаш го држел во раце.

"Се што човештвото некогаш открило за посетителите од вселената е содржано во ова истражување. Тоа нам ни дава увид за нивниот карактер и способностите на вонземјаните кои нема да ги прочитате на ниту едно друго место", вели Белингам.novi-fakti-za-vonzemjanite1

Еве што не сте знаеле:

- Вонземјаните мразат кучиња. Низ историјата се забележани бројни случаеви на напади од песови врз вонземјани кои се здобиле со тешки повреди. За да се одбранат од нив, вонземјаните со себе носат посебни спрејови.

- Вонземјаните може да го променат полот кога ќе посакаат. Тие уживаат во различни искуства што им овозможува промена на полот и ги жалат луѓето бидејќи се ограничени на едноставност цел свој живот.

- Вонземјаните немаат емоции. Секоја одлука е темелена на моменталната состојба и поради тоа тешко сфаќаат било какво поинакво и емотивно однесување.

- Вонземјаните се чувствителни на опекотини од сонце. За да се заштитат од штетните сончеви зраци на земјата, тие носат специјални сиви одела.

- Вонземјаните сакаат зачинета храна и пијалоци со силен вкус. Нивните сетила за вкус се толку мали што не разликуваат вкус на пире од путер од кикиритки.

- Вонземјаните заболуваат од артритис, настинка и осип поради влажност. Од тие причини најчесто патуваат во вселенски летала, а заработуваат бонуси кога обавуваат мисија на земјата незаштитени.

Би можело да ве интересира:

7 органи без кои можеме да преживееме (донекаде) Знаевте ли дека е возможно човек да живее без желудник? А, дека може да преживее...
Што е „супер Ел Нињо“, феноменот кој може да ни донесе многу жешко лето (и каква штета би предизвика... Ел Нињо е феномен кој се случува на површината на Тихиот Океан, а има глобално в...
Ноемвриската супермесечина ќе биде најголема и најимпресивна за 2025-та – како да ја набљудувате веч... Вечерва на ноќното небо ќе можеме да ја видиме ноемвриската супермесечина – втор...

Најчитани неделава