Научници создадоа генетски модификувани бактерии што ќе го заменат канабисот

Тим од биолози на Универзитетот Беркли во Калифорнија успеале да создадат генетски модификувани квасни бактерии коишто произведуваат канабиноиди наместо пивски квасец. Користејќи шеќер како храна, овие бактерии ги произведуваат главните состојки од растението марихуана, психоактивното THC и непсихоактивното CBD.

Genetski-modifikuvani-bakterii-sto-ke-go-zamenat-kanabisot-01.jpg

Целта на научниците била да се произведуваат канабиноиди на полесен и поисплатлив начин. Така тие своето истражување од пред 10 години во кое со истите габи и гените од пелин, овојпат го примениле на марихуаната и им успеала постапката.

Првиот експеримент бил со цел да се добие состојка за антималаричен лек артемисин со помош на бактериите од квасецот и тој бил многу успешен.

Откако марихуаната почна да се декриминализира, тие решиле да го направат истото и со гените од марихуана вметнати во бактериите од квасецот и тоа им успеало, бактериите произведуваат THC и CBD.

Genetski-modifikuvani-bakterii-sto-ke-go-zamenat-kanabisot (1).jpg

Genetski-modifikuvani-bakterii-sto-ke-go-zamenat-kanabisot (3).jpg

Она што е револуционерно во оваа постапка е тоа дека овој начин на производство на овие состојки многу го олеснува процесот на нивно синтетизирање, а истовремено истиот станува поевтин и се добива и почист производ.

Традиционално, за да се добијат овие состојки од растението марихуана, потребно е да се израсне целото растение и откако тоа ќе порасне после неколку месеци, се жнеат цветовите и од нив се екстрахираат канабиноидите. При тоа не е сигурно колку проценти чист THC или CBD ќе се добие со екстракцијата од растението.

Genetski-modifikuvani-bakterii-sto-ke-go-zamenat-kanabisot (2).jpg

Со новиот начин на производство на канабиноиди, целиот овој процес е пократок и многу поевтин. Стариот метод на екстракција од марихуаната прави хемиски синтетизираните канабиноиди да чинат 40.000 до 70.000 долари за килограм. Додека пак со новиот процес со ферментација на квасецот канабиноидите се произведуваат за само 400 долари за килограм.

Покрај ова, кога се расте канабисот, во зависност од видот, се добива претежно THC и уште ред други канабиноиди измешани со него или пак CBD и ред други канабиноиди, а потоа добиениот состав мора да се прочисти. Со помош на квасецот се добива речиси чист CBD или THC.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Од тркало до интернет – најважните изуми што засекогаш го променија човештвото Без тркалото, печатниците, па дури и телефонот, човештвото сигурно би било многу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg