Европската вселенска агенција бара нови астронаути – им дава можност и на луѓето со инвалидитет

После повеќе од 10 години, Европската вселенска агенција (ESA) објави оглас со кој бара нови астронаути, но овојпат решиле да им дадат шанса на луѓето со физички инвалидитет.

evropskata-vselenska-agencija-bara-novi-astronauti-im-dava-mozhnost-i-na-lugjeto-so-invaliditet-01.jpg

На сајтот на агенцијата пишува дека првпат после повеќе од цела деценија, тие бараат нови астронаути со кои заедно ќе ја истражуваат вселената. Последен пат агенцијата регрутираше нови астронаути во 2008-ма година.

evropskata-vselenska-agencija-bara-novi-astronauti-im-dava-mozhnost-i-na-lugjeto-so-invaliditet-02.jpg

Покрај астронаутите кои ќе бидат тренирани за комплексни и подолги мисии, сега од агенцијата им даваат можност и на луѓето со инвалидитет, со проектот наречен Parastronaut feasibility project.

„Ова е прв ваков проект во светот чија цел е да ги отстрани пречките за луѓето со инвалидитет и да им овозможи да бидат дел од професионални вселенски мисии.

Ги охрабруваме да аплицираат и луѓето кои се ментално, когнитивно и професионално квалификувани да бидат астронаути, но имаат физички инвалидитет кој не им овозможува да бидат дел од вселенските патувања.

Европската вселенска агенција веќе соработува со интернационални партнери и приватни вселенски компании за да создаде подостапна околина и да им помогне на астронаутите со физички инвалидитет да летаат безбедно и да бидат дел од мисиите до Меѓународната вселенска станица“, пишува на нивниот сајт.

evropskata-vselenska-agencija-bara-novi-astronauti-im-dava-mozhnost-i-na-lugjeto-so-invaliditet-03.jpg

Од агенцијата велат дека ќе ги приспособат леталата и инструментите во зависност од инвалидитетот на астронаутот, само затоа што сакаат да им овозможат да го остварат својот сон.

„Овој проект ќе даде можност за лет до вселената на една или повеќе личности. Притоа, ќе вроди со многу иновации и други придобивки за безбедноста и ефикасноста на идните вселенски летови“, велат од агенцијата.

Бидејќи физичката издржливост е од огромна важност во вселенските патувања, сепак постојат некои ограничувања - од агенцијата велат дека може да се пријават луѓе кои имаат протеза на едната или двете нозе, луѓе чии нозе се со различна должина, како и луѓе со џуџест раст. Ова значи дека луѓето со посериозен инвалидитет не би ја имале оваа можност, барем засега, додека не се создадат услови.

evropskata-vselenska-agencija-bara-novi-astronauti-im-dava-mozhnost-i-na-lugjeto-so-invaliditet-06.jpg

Ова е навистина огромен чекор бидејќи досега, без разлика колку биле квалификувани, луѓето со физички инвалидитет немале можност да станат астронаути.

Најголемата причина за ова е опремата која се користи во ваквите патувања, а која е тешко да се адаптира на потребите на овие луѓе.

evropskata-vselenska-agencija-bara-novi-astronauti-im-dava-mozhnost-i-na-lugjeto-so-invaliditet-04.jpg

evropskata-vselenska-agencija-bara-novi-astronauti-im-dava-mozhnost-i-na-lugjeto-so-invaliditet-05.jpg

Аплицирањето почнува 31-ви март 2021-ва година, а имињата на избраните астронаути се очекува да бидат објавени во октомври следната година.

Спирова С. | Црнобело / Фото: ESA

Би можело да ве интересира:

Како изгледа животот на астронаутите во минијатурната капсула, на патот до Месечината? Имаат неколку опции за храна, како оброци со месо и зеленчук кои се дехидрирани....
Успешно полетување, но мали проблеми со тоалетот: Како помина лансирањето кон Месечината? (фото+виде... Синоќешното лансирање на Артемида 2 помина беспрекорно, а сега, неколку часа под...
Сè што треба да знаете за мисијата што ќе нè врати на Месечината (и како да го следите лансирањето н... Ако временските прилики се добри и ако не се појават технички проблеми, утре чет...
Астронаут крсти месечев кратер по починатата сопруга, срушија рекорд: Како помина најважниот дел од ... Ја видоа Месечината одблиску, сведочеа на соларна еклипса, изгубија контакт со З...
Астронаутите од Артемида 2 безбедно се вратија на Земјата, по патувањето до Месечината Синоќа, околу два часот по полноќ (по македонско време) четворицата астронаути о...

Најчитани неделава