Роверот на Марс си направи селфи + најдобрите фотографии што ги сподели НАСА

НАСА се подготвува за летот на хеликоптерот Ingenuity што го испратија на Марс заедно со Perseverance, а неодамна споделија селфи од роверот и леталото.

nasa-objavi-selfi-od-roverot-na-mars-najdobrite-fotografii-shto-gi-spodelija-dosega-01.jpg

Покрај истражувањата на роверот Perseverance кој ќе бара траги од живот на Марс, како дел од мисијата на НАСА е и малиот хеликоптер Ingenuity.

Хеликоптерот беше лансиран и слета заедно со роверот, односно беше прикачен за него. На 3-ти април роверот и хеликоптерот беа одвоени, а неговиот прв лет на Марс е закажан за 11-ти април. Хеликоптерот ќе биде управуван од Земјата и ова ќе биде првпат во историјата на човештвото луѓето да управуваат со летало на друга планета.

Уште поинтересно е што на перките на хеликоптерот е вградено делче од авионот на браќата Рајт - мажите кои го направија првиот лет со авион во историјата на човештвото.

Деновиве, пак, НАСА објави „селфи“ на кое одлично се гледаат и роверот и хеликоптерот. Селфито е направено од 62 индивидуални фотографии, кои експертите на НАСА ги споиле во една.

nasa-objavi-selfi-od-roverot-na-mars-najdobrite-fotografii-shto-gi-spodelija-dosega-02.jpg

Роверот направил и уште една фотографија, на која одлично се гледа хеликоптерот на марсовската површина.

nasa-objavi-selfi-od-roverot-na-mars-najdobrite-fotografii-shto-gi-spodelija-dosega-03.jpg

Како роверот, и хеликоптерот е опремен со неколку камери и ќе прави фотографии и видеа од Марс. Од НАСА изјавија дека првиот лет е закажан за 11-ти април, а резултатите, заедно со фотките и видеата од тестот ќе ги споделат следниот ден.

Ingenuity ќе има околу пет летови на Марс, во период од 31 ден. Во меѓувреме, роверот Perseverance ќе ја истражува планетата, односно кратерот Jezero, околу 2 години.

Досега од НАСА имаат споделено неколку фотки од новата мисија на Марс, а дел од нив можете да погледнете во продолжение:

Фотографија од првото возење на роверот

nasa-objavi-selfi-od-roverot-na-mars-najdobrite-fotografii-shto-gi-spodelija-dosega-04.jpg

На оваа фотографија се гледа штитот кој служеше како заштита на хеликоптерот за време на слетувањето. На долниот дел од роверот се гледа каде е прикачен хеликоптерот.

nasa-objavi-selfi-od-roverot-na-mars-najdobrite-fotografii-shto-gi-spodelija-dosega-05.jpg

Остатоци од марсовската делта каде што роверот ќе бара траги од живот

nasa-objavi-selfi-od-roverot-na-mars-najdobrite-fotografii-shto-gi-spodelija-dosega-06.jpg

Овде се гледа тркалото на роверот на површината на Марс

nasa-objavi-selfi-od-roverot-na-mars-najdobrite-fotografii-shto-gi-spodelija-dosega-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што е „супер Ел Нињо“, феноменот кој може да ни донесе многу жешко лето (и каква штета би предизвика... Ел Нињо е феномен кој се случува на површината на Тихиот Океан, а има глобално в...
Сè што треба да знаете за мисијата што ќе нè врати на Месечината (и како да го следите лансирањето н... Ако временските прилики се добри и ако не се појават технички проблеми, утре чет...
Како изгледа животот на астронаутите во минијатурната капсула, на патот до Месечината? Имаат неколку опции за храна, како оброци со месо и зеленчук кои се дехидрирани....
Како да го гледате вечерашното целосно затемнување на Месечината? Вечерва, почнувајќи од 19:30 часот, на небото ќе можеме да го видиме целосното з...
Успешно полетување, но мали проблеми со тоалетот: Како помина лансирањето кон Месечината? (фото+виде... Синоќешното лансирање на Артемида 2 помина беспрекорно, а сега, неколку часа под...

Најчитани неделава