Компанијата на Илон Маск го лансираше во вселената првиот екипаж составен само од вселенски туристи (фото+видео)

SpaceX лансираше четворица туристи во вселената, а она што го прави овој подвиг посебен е фактот дека со нив нема ниту еден искусен астронаут. Односно, ова е првата вселенска мисија во која се вклучени само аматери, а не и искусни астронаути.

vselenskata-kompanija-spacex-go-lansirashe-prviot-ekipazh-sostaven-samo-od-amateri-foto-video-01.jpg

Екипажот беше лансиран со ракетата Falcon 9, во леталото Crew Dragon, а мисијата си го доби името Inspiration 4.

Лансирањето на 15 септември помина успешно, а астронаутите-аматери ќе поминат три дена во орбита, до 18 септември.

vselenskata-kompanija-spacex-go-lansirashe-prviot-ekipazh-sostaven-samo-od-amateri-foto-video-02.JPG

vselenskata-kompanija-spacex-go-lansirashe-prviot-ekipazh-sostaven-samo-od-amateri-foto-video-03.JPG

Екипажот го сочинуваат четворица луѓе на возраст од 29 до 51 година, кои го поминаа најосновниот тренинг што го минуваат астронаутите за да се подготват за подвигот.

vselenskata-kompanija-spacex-go-lansirashe-prviot-ekipazh-sostaven-samo-od-amateri-foto-video-8.JPG

Трошоците за летот се покриени од Џаред Исакман, кој е дел од екипажот, но не е познато колкава сума потрошил за ова.

vselenskata-kompanija-spacex-go-lansirashe-prviot-ekipazh-sostaven-samo-od-amateri-foto-video-05.JPG

Со ова лансирање се постигнаа неколку големи цели во врска со вселенските патувања:

  • Како што напоменавме, ова првиот вселенски лет со екипаж составен само од аматери.
  • Ова е првиот вселенски лет каде што пилотот е жена со афроамериканско потекло.
  • Дел од екипажот е најмладиот Американец кој бил лансиран во вселената.
  • Ова е првиот приватен лет на SpaceX, односно првиот лет финансиран од една личност - Џаред Исакман.

Во продолжение, фотки и видеа од првата вселенска мисија од овој вид:

Екипажот пристигнува, подготвен за лансирање

Екипажот е во леталото и се подготвуваат за лансирање

Екипажот во леталото неколку минути пред лансирање

Успешното лансирање

Одвојување на ракетата и леталото

Погледот од куполата на леталото Crew Dragon

Први фотки од астронаутите аматери во орбитата на Земјата

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како изгледа животот на астронаутите во минијатурната капсула, на патот до Месечината? Имаат неколку опции за храна, како оброци со месо и зеленчук кои се дехидрирани....
Успешно полетување, но мали проблеми со тоалетот: Како помина лансирањето кон Месечината? (фото+виде... Синоќешното лансирање на Артемида 2 помина беспрекорно, а сега, неколку часа под...
Што е „супер Ел Нињо“, феноменот кој може да ни донесе многу жешко лето (и каква штета би предизвика... Ел Нињо е феномен кој се случува на површината на Тихиот Океан, а има глобално в...
Сè што треба да знаете за мисијата што ќе нè врати на Месечината (и како да го следите лансирањето н... Ако временските прилики се добри и ако не се појават технички проблеми, утре чет...
Астронаут крсти месечев кратер по починатата сопруга, срушија рекорд: Како помина најважниот дел од ... Ја видоа Месечината одблиску, сведочеа на соларна еклипса, изгубија контакт со З...
Астронаутите од Артемида 2 безбедно се вратија на Земјата, по патувањето до Месечината Синоќа, околу два часот по полноќ (по македонско време) четворицата астронаути о...

Најчитани неделава