Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Од тркало до интернет – најважните изуми што засекогаш го променија човештвото

Без тркалото, печатниците, па дури и телефонот, човештвото сигурно би било многу поназад.

od-trkalo-do-internet-najvazhnite-izumi-shto-zasekogash-go-promenija-choveshtvoto-01.jpg

Напредокот на технологијата го забрза развојот на човештвото и направи драстични промени во нашите животи.

Додека за нашите баби и дедовци дури и струјата претставувала чудо, ние не можеме да си го замислиме животот без смартфон или компјутер.

Но за да стигнеме дотука, ни помогнале и други откритија од кои дел датираат уште од периодот на првите цивилизации, а обично забораваме да им го дадеме потребното признание.

Кои се најголемите откритија на човекот во целата негова историја?

Тркало

Денес би немале многу работи ако човекот не го измислел тркалото.

Се верува дека првите тркала се појавиле во Месопотамија, веројатно во 4-иот век пред нашата ера.

Според наодите од овој период, тогашните луѓе почнале да прават кружни дискови од дрво, на кои ставале оска.

od-trkalo-do-internet-najvazhnite-izumi-shto-zasekogash-go-promenija-choveshtvoto-02.jpg

Наводно, дури околу 2.000 година пред нашата ера луѓето почнале да ги прават овие дискови шупливи и полесни, така што би можеле да се користат за кочии.

Тркалото не само што го забрзало транспортот на стока и луѓе, туку направило револуција во агрикултурата и производството на храна.

od-trkalo-do-internet-najvazhnite-izumi-shto-zasekogash-go-promenija-choveshtvoto-03.jpg

Компас

Древните морепловци одлично се снаоѓале користејќи ги само ѕвездите, но оваа вештина не им била од корист во текот на денот или кога имало облаци.

Првите компаси се појавиле во Кина, помеѓу вториот и првиот век пред нашата ера. Но, наместо за навигација, обично ги користеле за гатање.

od-trkalo-do-internet-najvazhnite-izumi-shto-zasekogash-go-promenija-choveshtvoto-04.jpg

Се верува и дека со помош на компасите, Кинезите утврдувале каде да градат одредено нешто според принципите на фенг-шуи.

Тие почнале да ги користат компасите за навигација дури во 11-тиот век.

od-trkalo-do-internet-najvazhnite-izumi-shto-zasekogash-go-promenija-choveshtvoto-05.jpg

Печатници

Со појавата на првите печатници, луѓето можеле да произведуваат многу повеќе пишани дела кои инаку би требало да ги препишуваат „на рака“.

Никој не знае кога е направена првата печатница, но најстариот печатен текст потекнува од Кина, и е направен во првиот милениум од нашата ера.

Овие први печатници биле всушност кинески знаци издлабени во дрвени коцки врз кои се ставала боја и се правеле отпечатоци.

od-trkalo-do-internet-najvazhnite-izumi-shto-zasekogash-go-promenija-choveshtvoto-06.jpg

Дури во периодот 1440-1450 е направена поефикасна печатница, од страна на Германецот Јоханес Гутенберг.

Бидејќи оваа печатница овозможувала многу побрзо печатење, за првпат во историјата знаењето од книгите станало подостапно за луѓето.

od-trkalo-do-internet-najvazhnite-izumi-shto-zasekogash-go-promenija-choveshtvoto-07.jpg

Мотор со внатрешно согорување

Едноставно кажано, во овие мотори настануваат мали експлозии при што хемиската енергија се претвора во механичка работа.

Биле потребни многу обиди пред да се усоврши моторот со внатрешно согорување, а првите помодерни и поефикасни верзии се појавиле кон крајот на 19-тиот век.

od-trkalo-do-internet-najvazhnite-izumi-shto-zasekogash-go-promenija-choveshtvoto-08.jpg

Овој мотор ја забрза индустријализација и го овозможи изумот на многу машини, вклучувајќи ги и модерните автомобили и авиони.

od-trkalo-do-internet-najvazhnite-izumi-shto-zasekogash-go-promenija-choveshtvoto-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Историски подвиг: Летало на НАСА за првпат влезе во атмосферата на Сонцето (видео) За првпат во историјата, летало на НАСА влезе во сончевата атмосфера, позната и ...
Зошто настанува поларната ноќ и како луѓето преживуваат неколку месеци без Сонце? Поларната ноќ е феномен каде што ноќта трае повеќе од 24 часа и се појавува на н...
Историски миг: Пациентка од САД е првата жена излечена од ХИВ – лек на повидок На 15-ти февруари, тим истражувачи од САД споделија дека (најверојатно) излечиле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg